Гвардиола кандидат за бразилски селектор

February 10, 2023
1 min read

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола (52) е кандидат да седне на клупата на Бразил, кој е без селектор по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.

Бразилските медиуми наведуваат денеска дека Гвардиола избил на врвот на листата кандидати по незавидната ситуација во која се најде англискиот првак Манчестер сити.

Премиер лигата пред неколку денови објави дека доставила до независна комисија повеќе од 100 обвиненија на адреса на Манчестер сити за наводно кршење на правилата на финансискиот ферплеј во периодот од 2009 до 2018 година.

Доколку биде прогласен за виновен Манчестер сити може да биде исфрлен од Премиер лигата, а можно е, исто така, да му бидат одземени освоените титули и да му биде изречена висока парична казна.

Гвардиола, кој го тренира Манчестер сити од 2016 година, лани изјави оти ќе поднесе оставка ако евентуално дознае дека клупското раководство го лажело околу финансиите.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Познати се имињата на новите министри во владата

Следно

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ШПАНСКИ РЕЖИСЕР КАРЛОС САУРА

Latest from Blog

Тони Тоневски: Ќе има нови автобуски линии и подобри училишни оброци

ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, соопштија дека ќе продолжат и унапредат сите постојни мерки и програми кои се во интерес на граѓаните. Во партиското соопштение се нагласува дека,

Серија земјотреси почувствувани во Албанија

Според податоците на сеизмолошкиот завод, во 7:06 часот земјотрес е регистриран во Драч, со магнитуда од 3,9 степени. Во Кониспол, околу 6:49 часот, се почувствуван е земјотрес со магнитуда од 2,7 степени

Орбан: Подготовките за самитот Трамп-Путин во Будимпешта сѐ уште се во тек

Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта сè уште се во тек, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. На својот

Рак со големина на бадем и мала светлечка ајкула, нови видови откриени во Австралија

Во Австралија, научниците открија два нови вида морски животни – полупровиден рак со големина на бадем и мала светлечка ајкула-ламба. Меѓу стотиците примероци собрани од научниците за време на истражувачкото патување беше
Go toTop