Гвардиола: До крајот мораме да бидеме совршени ако ја сакаме титулата

January 5, 2023
1 min read

Тренерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, им порача на своите фудбалери дека во преостанатиот дел од сезоната мораат да бидат речиси совршени за да се вклучат во битката за титулата со Арсенал, пренесува Би-Би-Си.

Манчестер сити во моментов е второпласиран на табелата во Премиер лигата со осум бодови заостанување зад лидерот Арсенал.

„Начинот како да се намали разликата е да се играат добри натпревари и да се победува. Како што игра досега, Арсенал ќе освои 100 или повеќе бодови. Ако продолжат по овој пат нема да можеме да ги стигнеме. Мораме да бидеме речиси совршени до крајот на сезоната и да се надеваме дека (Арсенал) малку ќе падне во својот ефект, бидејќи против Њукасл беа одлични“, изјави Гвардиола.

Манчестер сити вечерва во рамки на 19. коло му гостува на десеттопласираниот Челзи и со евентуален триумф ќе му се приближи на Арсенал на пет бодови.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи

Следно

ПРИ КРАЈ СЕ БИЛЕТИТЕ ЗА ОПЕРСКИТЕ ВАСИЛИЧАРСКИ КОНЦЕРТИ ВО ОПЕРАТА

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop