Групата која носела бразилки во „Џевахир“ за проституција, доби пресуда од Кривичниот суд

July 18, 2025
1 min read

Пет и пол години затвор за 35 годишната Дејесус Невес Марлиене од Бразил, првообвинетата за случајот со носење Бразилки во Скопје и посредување при проституција во период од декември 2023 до ноември 2024г.

Секоја жртва имала креиран еден или повеќе профили веб сајт, каде биле објавени телефонски броеви и листа на цени на сексуални услуги што се движеле од 150 евра до 800 евра, како и фотографии со експлицитна содржина, а профилите ги контролирала првообвинетата која контактирала со потенцијални клиенти, го организирала дневниот распоред на клиентите за секоја девојка, го определувала времетраењето на давање на услугите и гарантирала за нивната безбедност.

За нејзиниот ангажман добивала 30% од заработувачката. Парите ги делела со второобвинетиот Маан Махмалад, државјанин на Македонија роден во Сирија. Тој не призна вина за разлика од останатите тројца и судот ја одвои постапката за него. Третообвинетиот, Сабедин Демири таксистот ги превезувал женските лица од Бразил, а четвртообвинетиот пак, Немања Михајловски, бил во љубовна врска со една од девојките, а платил и за тоа што таа го придружувала при неговите патувања во Рим и Лондон. Парите кои таа ги заработувала се инвестирале во криптовалути.Третообвинетиот и четвртообвинетиот признаа вина и добија условна.

Жртвите биле сместени во претходно изнајмени станови во комплекс во Скопје-каде истите давале сексуални услуги на клиенти.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Водовод: Дефектот во Козле е во сопственост на болницата, прекинот со вода не е во наша надлежност

Следно

Загина Феликс Баумгартнер, првиот човек кој скокна на земјата од вселената

Latest from Blog

И ТАКА, ПАЃААТ ВО СТАПИЦАТА: Израел се соочува со недостиг од пресретнувачи на ракети

Израел оваа недела ги извести САД дека се соочува со критичен недостиг од пресретнувачи на балистички ракети поради ескалацијата на конфликтот со Иран, потврдија неколку американски претставници за Семафор. Според нив, САД

Поранешниот државен обвинител Коцевски со ќерката положи цвеќе на гробиштата на жртвите во Кочани

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска присуствуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, како што посочуваат блиски до

Реал приреди гол-шоу за нова убедлива победа

фото: Real Madrid CF( X) Фудбалерите на Реал Мадрид приредија вистинско гол-шоу вечерва на „Бернабеу“ победувајќчи го Елче со 4:1 и продолжувајќи ја трката со Барселона во шпанската Ла Лига. Тренерот на
Go toTop