Груевски се радува на стопираната американска помош – вели дека демократите, со кои великодушно се фотографираше, ја рушеле неговата влада

February 4, 2025
4 mins read

Како тоа Груевски да нема ниту една фотографија со Трамп, туку само со Бајден и Хилари Клинтон, која во трката за белата куќа му беше ривалка на Трамп. Освен што манипулира со фактите, Груевски и прикрива важни настани и постапки од мандатот на Трамп кој на ниту еден начин не му одат нему во прилог, ниту пак на неговата партија.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Осуденикот во бегство Груевски, сѐ уште мисли дека е центарот на светот и од таа позиција, од удобноста на бегалскиот живот во Унгарија, ги толкува и ги наведува „кон својата воденица“ настаните во САД кои се однесуваат на работата на американската агенција за меѓународна помош.

Да потсетиме, врз основа на извршната наредба на претседателот Трамп, Стејт департментот донесе одлука да ја замрзне речиси целата меѓународна развојна помош обезбедена од Вашингтон, освен клучните програми за хуманитарна помош со храна и воената поддршка за Израел и Египет.

САД, како најголем донатор во светот, издвојуваат повеќе средства за меѓународен развој од која било друга земја. Во 2023 година, оваа ставка изнесуваше околу 60 милијарди долари, што е приближно еден процент од американскиот буџет. Колку се споредба, на второт место на листата земји со програми и буџети за меѓународен развој е Германија, која годишно издвојува околу 30 милијарди долари, а дури пото следуваат истанатите со буџети од 15 милијарди па надолу.

Од 1993 година поддршката за Македонија преку УСАИД достигна речиси една милијарда долари, надвор од воената. Американската агенција за меѓународен развој стана партнер и поддржувач на развојот на Македонија во во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието.

Груевски, во неговото најново „откровение“ на Фејсбук објави дека „она што го знаевме, сега самите Американци почнаа да го објавуваат во време на смена на режимот во Вашингтон“.

Додава дека „државната агенција УСА ИД под водство на демократите му давала милиони долари пари на Сорос за рушење на владата која ја предводев во Македонија и инсталирање друга влада, што беше реализирано и покрај покрај победата на изборите во 2016 година“.

Со оваа „поента“, тој, всушност, „си пука во колено“. Прво, бидејќи е општо познато дека УСАИД голем дел од своите буџети за меѓународна помош ги дистрибуираше преку своите организации кои работеа или имаа свои мрежни активности во повеќе кризни точки во светот, па така на ниту еден начин не е ниту исклучок, ниту пак посебна привилигерина позицијата на Фондацијата Отворено општество (Сорос), во програмите за развој на демекоратијата во југоисточна Европа и во земјите на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

Но, тоа не му пречи на Груевски да манипулира со времето, па наместо да каже дека смената на власта во Македонија се случи во 2017 година, во април, кога Трамп беше добро заседнат во Белата куќа, а американскиот Стејт департмент, под негова, под администрација на тимот на Трамп, 27 април го оцени како „најтемниот момент на Балканот таа 2017 година“, а како „најдобра вест во целиот регион го оцени формирањето на новата реформска влада“, тогаш под водство на Зоран Заев.

Освен овие факти, како важни допоплнителни факти е да се знае и да не се манипулира со тоа, дека, барем од независноста на Македонија, од кога една година УСАИД отвори канцеларија во нашата земја, во Белата куќа седеа и администрираа тројца претседателит на републиканците и тројца претседатели на демократите. Односно, актуелниот мандат на републиканецот Трамп, е четврти на оваа партија, што значи дека парите од УСАИД до Македонија не стигале само за време на мандатите на претседателите демократи, туку цело време, без разлика кој седеше во Белата куќа во Вашингтон.

Оттаму, Ако Груевски за себе и за неговата некогашна партија, како што наведува и манипулира, мисли дека им се омилени на републиканците, тоа воопшто не треба да се зема ниту за реално, ниту за сериозно.

Дури и да е така, тогаш, како тоа тој нема ниту една фотографија со Трамп, туку само со Бајден и Хилари Клинтон, која во трката за белата куќа му беше ривалка на Трамп.

Освен што манипулира со фактите, Груевски и прикрива важни настани и постапки од мандатот на Трамп кој на ниту еден начин не му одат нему во прилог, ниту пак на неговата партија.

Имено, тој премолчува дека на 20 февруари 2029 година, во писмо до Зоран Заев, Трамп напиша: „Преспанскиот договор е најисториско достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор“.

Во писмото, кое претседателот на САД Доналд Трамп го испрати до премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, тој им честита на Заев и на грчкиот премиер Алексис Ципрас за храброто лидерството и посветеноста да го доведат овој процес до крај, од преговорите преку ратификацијата, па сè до неговата целосна имплементација.

„Во име на американскиот народ, ви честитам за ратификацијата и имплементацијата на Договорот од Преспа. Преку вашите напори со премиерот Ципрас, обезбедивте постабилна и попросперитетна иднина, не само за вашите две земји, туку и за целиот регион. Вашата земја сега ќе го заземе местото кое ѝ припаѓа во Северноатлантската алијанса како Република Северна Македонија. Се надевам дека Договорот од Преспа ќе послужи како инспирација за другите држави во регионот. Тој ја потенцира суштинската вистина дека со политичка храброст и способност за фокусирање на долгорочна корист наспроти краткорочни ризици, лидерите може да направат тешки компромиси кои се неопходни за да ги насочат своите земји на пат кон посветла иднина“.

Така напиша тогаш Трамп и тоа писмо е архивирано, со печат и потпис и во Вашингтон и во Скопје.

Американскиот претседател тогаш уште напиша дека сака да ја види Северна Македонија како 30-та членка на НАТО.

„Северна Македонија е голем партнер на Соединетите Американски Држави. Ние се радуваме што ќе можеме да ве пречекаме како наш 30-ти сојузник во Северноатлантската алијанса и да продолжиме со нашата заедничка работа, со цел да обезбедиме мир и просперитет на Западен Балкан“, порача во 2019 година Трамп.

Неколку години подоцна, во 2022 година, Груевски беше ставен на „црната листа“ на САД.

„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, стои во образложението на американскиот Стејт департментот за оваа одлука.

Оттаму, џабе му се на Груевски „откровенијата“ во Будимпешта, фактите зборуваат сосема нешто друго.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Законски измени, се забрануваат нелегалните онлајн коцкарници

Следно

„Медицински сестри бараат работа по бутици“ – Бешлиовска: Итно вработување со здравствено осигурување

Latest from Blog

Обвинителството ја прошири постапката и за родителите на обвинетиот Васил Јованов

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски информираше дека обвинителството постапило по сите стандардни процедури во случајот со прегазената Фросина Кулакова. Тој рече дека постапката е проширена и за родителите на обвинетиот Васил Јованов, кој

Таткото на Фросина: Откако ја согазил ќерка ми, Васил колата ја паркирал пред нашата зграда

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил бил на местото на несреќата, тој рече не. – Ние живееме во Дебар

Се јави коалицискиот партнер на Мицкоски-ВРЕДИ: Делчев бил цел на дневнополитички калкулации

Претставници на коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ, денеска не беа дел од чествувањето на 152-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер, Гоце Делчев. На прешање од страна на медиумите зошто не оддадоа

Пренџов: Во петок закажавме јавна расправа која ги вклучува сите чинители за да не ни се повторуваат вакви трагедии

Навистина ова е една голема трагедија што ја потресе целата македонска јавност, истовремено практично е едно отрезнување за тоа изминатиот период и изминатите години каков систем се создаде во Република Македонија. Систем
Go toTop