Грците лути поради огномет од јахта што запали шума: „Имаат повеќе пари отколку мозок“

June 22, 2024
1 min read

Огномет испукан од јахта во Грција во петокот предизвикал шумски пожар на островот Хидра, соопштија локалните пожарникарски власти.

Пожарот ја изгоре единствената борова шума на туристичкиот остров јужно од Атина.

Пожарот едвај бил ставен под контрола. Бидејќи нема патишта до плажата, пожарникарите морале да и пријдат по море, додека хеликоптери испуштале вода од воздух, пишува Би-Би-Си.

Причината за пожарот предизвика гнев во Грција, која веќе се бореше со неколку шумски пожари и е зафатена од првиот топлотен бран годинава.

„Ние сме револтирани што некои луѓе фрлаат огномет толку неодговорно во боровата шума“, изјави градоначалникот на Хидра, Јоргос Кукудакис, за грчката телевизија ЕРТ. Тој додаде дека градот ќе се обиде да преземе правни мерки против патниците на јахтата.

Осуди имаше и на социјалните мрежи. „Богати луѓе со повеќе пари отколку мозок“, напиша една личност.

Грција е во состојба на готовност поради шумски пожари од вторникот, а властите се подготвуваат за тешко лето бидејќи продолжуваат сувите услови, силните ветрови и високите температури.

Вчера 55-годишен пожарникар доброволец почина од повредите со кои се здоби при гаснење на пожар на полуостровот Пелопонез.

Летните пожари се вообичаени во Грција и научниците ја поврзуваат зголемената фреквенција и интензитетот на екстремните временски настани, вклучително и топлотните бранови, со климатските промени.

Но, земјата има проблем и со подметнувачите на пожари – најмалку 79 лица беа уапсени во август минатата година за смртоносните пожари.

На почетокот на оваа година Грција донесе построги закони за подметнување пожари, а на сторителите сега им се заканува затворска казна до 20 години и парични казни до 200.000 евра.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чоко плазма торта, совршен вкус кој го подигнува расположението до максимум

Следно

На 30 јуни СДСМ бира нов лидер на партијата, кандидатите на средби со членството

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop