Грците денеска излегуваат на гласање

May 21, 2023
1 min read

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно

Грција денеска оди на општи избори на кои најверојатно нема да има јасен победник, а доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули.

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Во 21 часот ќе бидат објавени првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат нови работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Нејасниот исход од изборите ќе доведе до неколкудневни преговори меѓу политичките партии за да се најде заеднички јазик и кохабитација во владата.

„Денешниот резултат е референдум или за политичка стабилност или за воведување влада без кормило“,

напиша грчкиот весник „Прото тема“ во уводникот на својата насловна страница.

Доколку ниту една партија не победи, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе им даде на трите водечки партии тридневен мандат за секоја од нив да се обиде да формира влада.

Доколку ниту една партија не успее, Сакеларопулу ќе назначи привремена влада која ќе ја води земјата до следните избори, околу еден месец подоцна.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пентагон знаел дека Фаучи лаже за потеклото на вирусот

Следно

Враќањето на Сирија во Арапската лига предизвика загриженост во Израел

Latest from Blog

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го

Донарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“

Фото: Манчестер Сити/Твитер Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, потпиша договор со Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок. По потпишувањето, тој се соочи со мал проблем при изборот на бројот што

Манасиевски: Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Go toTop