Грција: Земјотрес од 5,1 степен ја погоди областа меѓу островите Аморгос и Санторини

February 17, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди морската област меѓу грчките острови Аморгос и Санторини утринава, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, јавува Анадолу.

Потресот се случил пред 10 часот по локално време, а епицентарот бил на 21 километар југозападно од Аркесини, кај јужен Аморгос, на длабочина од 15 километри.

Засега нема информации за штети или повредени, но земјотресот се почувствувал во делови од Киклади, што предизвика загриженост кај жителите и локалните власти.

Според сеизмолошката лабораторија на Универзитетот во Атина (ЕКПА), од 26 јануари до 13 февруари биле регистрирани повеќе од 18.400 земјотреси на островите во архипелагот Киклади.

За Аморгос и уште три острови е прогласена вонредна состојба до 11 март.

Сеизмолозите продолжуваат да ја следат областа за потенцијални последователни потреси.

Во меѓувреме, поради сеизмичката активност во Егејското Море, Грција ги објави плановите за изградба на специјално пристаниште на Санторини за бродовите што ќе го користат во итни случаи.

Грчкиот министер за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас во интервјуто за телевизијата АНТ1 изјави дека во случај на голем земјотрес, жителите на Санторини треба да се оддалечат од крајбрежните области и да бараат повисоки места.

По разговорите со премиерот Киријакос Мицотакис, Кикилијас рече дека Владата, во соработка со Вооружените сили на Грција, одлучила да изгради посебно пристаниште за итни случаи, покрај големото пристаниште што моментно се гради на островот.

Кикилијас истакна дека во Егејскиот Регион има голем број подводни вулкански зони и дека експертите внимателно ја следат неодамнешната активност на магмата во областа.

Тој потврди дека Владата донела одлука за изградба на пристаниште за итни случаи во соработка со грчките вооружени сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарија ги обвинува европските лидери во Париз дека спречуваат мировен договор за Украина

Следно

Истражување: Над 60 отсто граѓани поддржуваат пристап кон ЕУ, пад од 20 отсто на перцепцијата за влијанието на САД во споредба со лани

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска
Go toTop