Грција ќе воведе затворска казна за нелегални мигранти

May 29, 2025
1 min read

Заострување на рамката за влез во Грција, зголемување на казните за оние кои нелегално влегуваат во земјата, криминализирање на нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, како и укинување на можноста за издавање дозвола за престој за оние кои седум години нелегално престојуваат во земјата, се дел од измените во новиот предлог-закон на Министерството за миграција и азил на Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

Новиот предлог-закон вчера беше детално презентиран на владина седница, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, рече дека „казните ќе бидат построги за оние кои нелегално влегуваат или престојуваат во земјата ако нивното барање за азил е одбиено“.

Според АНА-МПА, за оние кои нелегално влегуваат во земјата, се предвидува зголемување на казната од три месеци на најмалку две години, доколу станува збор за потешки случаи од шест месеци на најмалку три години, а паричната казна може да достигне 10.000 евра.

Дополнително, нелегалниот престој во земјата по завршувањето на административната постапка, станува кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку три години, парична казна од 10.000 евра, без можност за одложување на казната, освен во случај осудениот државјанин на трета земја да избере доброволно да замине од Грција.

За доброволно заминување, пропишаните рокови ќе бидат намалени од 25 на 14 дена, како и намалување на продолжувањето на рокот за доброволно заминување од исклучителни причини од 120 на 60 дена, а ќе биде воведен и електронски надзор како рестриктивна мерка за време на рокот за доброволно заминување.

Новиот предлог-закон од Министерството за миграција и азил на Грција, се очекува кон крајот на јуни да биде доставен во грчкиот Парламент.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ескалираа препукувањата меѓу Арсовска и Ганиу, ѓубрето од Чаир заврши пред седиштето на Град Скопје

Следно

Ако правилно се управува, отпадот може да биде ресурс со голем економски потенцијал

Latest from Blog

Лидс плати рекордна сума за голманот на Манчестер Сити

Лидс Јунајтед официјално го потпиша голманот Џејмс Трафорд од Манчестер Сити, поставувајќи нов клупски рекорд за трансфер. Договорот е вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува

Двајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во Тајланд

Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот

Делови од три скопски општини денеска без струја, прекини до четири часа

Делови од општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на мрежата. Според најавениот распоред, прекините ќе траат од три до четири

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките
Go toTop