Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил

February 5, 2025
1 min read

Вкупно 40 државјани на трети земји, од кои десет Грузијци и 30 Пакистанци, чии барања за азил биле одбиени, вчера беа депортирани од Грција во координирана операција на грчката полиција и ФРОНТЕКС, во соработка со Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Од надлежното Министерство соопштија дека според официјалните податоци на Евростат за 2024 година, Грција е на четвртото место меѓу земјите-членки на ЕУ во враќањето на одбиените баратели на азил, „што во пракса покажува спроведување на строга, но праведна миграциска политика“.

Министерот за миграција и азил на Грција Николаос Панајотопулос рече дека оваа миграциска политика „се базира на заштита на границите, на брзо и ефективно испитување на барањата за азил и интензивирање на враќањето на оние кои немаат право на меѓународна заштита“.

– Операцијата за враќање, спроведена во соработка со грчката полиција, ФРОНТЕКС и Министерството за миграција и азил, ја потврдува нашата посветеност на строго спроведување на европската и националната рамка за управување со миграцијата, истакна Панајотопулос.

Додаде дека Грција обезбедува азил исклучиво на оние кои имаат право на тоа, „додека оние кои не ги исполнуваат условите се враќаат во нивните земји на потекло“.

– Ефикасната политика за враќање не е само грчки приоритет, туку и европска неопходност. Потребна е заедничка европска стратегија која ќе ја зајакне соработката и со земјите на потекло и со трети земји, обезбедувајќи брзо и координирано враќање на оние кои немаат право на меѓународна заштита, истакна грчкиот министер.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Следно

Анализа на Костов: Радар и под радарот – 250 дена прес-клипинг и аудио-видео мониторинг

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop