Грковска очекува надлежните да покренат постапки за случувањата во Судскиот совет

April 29, 2023
2 mins read

Грковска, во објавата на својот официјален фејсбук-профил јавно прашува: „Со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки?“. Таа вели дека ваквите случувања во Советот не смеело во никој случај да се дозволат

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска преку објава на социјалните мрежи изрази очекување од надлежните инстиуции да покренат постапки во врска со последните случувања во Судскиот совет.  

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска/Фото: „360 степени“

Грковска, во објавата на својот официјален фејсбук-профил јавно прашува: „Со кој кредибилитет ќе продолжи ваквиот Судски совет да носи одлуки“. 

„Кој би бил нивниот кредибилитет како судии? Уште повеќе, очекувам надлежните институции да покренат постапки на повеќе нивоа, зошто одмолчувањето и игнорирањето ќе значи сериозно дерогирање на целото општество“,  

вели Грковска.

Вицепремиерката вели дека секој треба да носи индивидуална одговорност во зависност од тоа на која позиција е, наведувајќи дека во година која е клучна за суштински напредок на државата во европската интеграција, од сите се бара поголема зрелост, мудрост и одговорност за работењето и функционирањето. 

Таа смета дека случувањата во Судскиот совет не смеело во никој случај да се дозволат. 

„Имајќи ја предвид крајно неповолната состојба во правосудниот систем во земјава, за која сме сите свесни и за која добиваме остри реакции од меѓународната заедница, сметам дека случувањата во Судскиот совет не смееше во никој случај да се дозволат. Советот е тело кое треба да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт и да ги остварува своите функции согласно со Уставот и законите“,

вели Грковска во објавата.  

Затоа е поразително, посочува таа што наместо да се грижи за угледот на судиите и довербата на граѓаните кон судството, што е една од основните функции на Советот, од таму се манифестира прекршување на процедурите и постапките во самото работење на Советот, што беше констатирано и од набљудувачите од граѓанскиот сектор.  

„Ваквото однесување на членовите на Судскиот совет е срамно не само за нив туку и за државата. Телото кое е задолжено да ја оценува работата на судиите и судовите во земјава, мора да биде пример за професионалност и законито работење“,

пишува вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење. 

Тензиите во Судскиот совет кои предизвикаа бурни реакции, ескалираа пред три дена со разрешување на претседателката Весна Дамева од група членови предводени од заменик-претседателот Селим Адеми. Во средата на седница, кога на дневен ред беа претставки од граѓани, но и формирање комисии за поднесени барања за утврдување на одговорност на судии, настана расправија за меѓучовечките односи во самиот Совет. 

Повод за да почнат карамица на јавната седница беше писмото на американската амбасадорка Анџела Агелер за што дел од членовите ја обвинија Дамева дека го криела, додека таа одговараше дека била од одмор. Во писмото, Агелер ја изрази својата и загриженоста на САД за состојбите во правосудството, а конкретно укинувањето на пресуди од Апелацискиот суд и враќањето на случаите на повторно судење. 

Меѓутоа, во јавноста излегоа и неофицијални информации дека заднина на конфликтот била и иницијатива за утврдување одговорност на апелацискиот судија Енвер Беџети за кого беше констатирано дека девет месеци го чувал предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“, а беше дел и од други висопрофилирани случаи. 

По контроверзното разрешување на Дамева, од страна на заменик-претседателот на Судскиот совет за следниот ден беше закажана итна седница за избор на нов претседател. Сепак, по двочасовно пролонгирање на нејзиниот почетокот, седницата беше одложена за 2 мај. Објаснувањето на Адеми беше дека е отсутен еден од 13-те члена на Советот со право на глас.  

Поврзани вести:

Реакции по разрешувањето на Дамева:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Султан Ал Нејади, првиот арапски и муслимански астронаут во вселенска прошетка

Следно

Фото | Сведоштво на мајка и ќерка од скопско: Со тупаници и стапало нѐ удираше во лице, а уште шета слободно

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop