Грчките земјоделци утре на голем протест на Евзони, еве дали граничниот премин ќе биде затворен

February 25, 2024
1 min read

Земјоделците од северниот дел на Грција, освен секојдневните симболични блокади во вечерните часови, за утре напладне закажаа протест на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија со што ќе биде блокиран сообраќајот, а во разговор со дописничката на МИА од Атина велат дека нема да отстапат од нивните барања сè додека не бидат целосно исполнети.

Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците рекоа дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција остануваат најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораат граничниот премин Евзони (Богородица).

Претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис, кој воедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека на Евзони во моментов се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и открива детали за утрешниот протест.

-Утре ќе се одржи голем земјоделски собир на граничниот премин Евзони со учество на активните блокови од областа централна Македонија, но ќе дојдат и други, од подалеку. Ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши според тоа колку говори ќе има, немаме одредено време кога ќе заврши, но сигурно ќе трае два-три часа, објасни Карипидис.

Во периодот додека ќе биде во тек собирот, што ќе започне од 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време, се очекува да биде блокиран и сообраќајот на возила.

-Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила, додава претседателот на земјоделското здружение, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.

Блокада, како и секоја вечер, ќе има и денеска од 20 до 22 часот по грчко, односно од 19 до 21 часот по македонско време.

Карипидис објаснува дека доколку е потребно да се олабави сообраќајот за да не се создаваат колони, како што е впрочем пракса, и вечерва периодично ќе го отвораат преминот за да поминуваат возилата.

Земјоделците веќе над еден месец бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

-Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка, објасни за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис.

Министрите за земјоделство на Европската Унија утре во Брисел ќе одржат состанок, па токму затоа земјоделците во Грција организираат низа активности и блокади, а паралелно не е исклучена можноста да биде затворен и граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Следно

Воениот кабинет на Израел ги одобри упатствата за преговори за размена на затвореници со Хамас

Latest from Blog

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има кај Ресен и Удово, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот
Go toTop