Грчките земјоделци повторно го блокираат граничниот премин Евзони кон Северна Македонија

February 14, 2024
1 min read

Нова блокада на граничниот премин Евзони (Богородица) кон Северна Македонија од 19 до 21 часот по локално, односно од 18 до 20 часот по македонско време најавиле земјоделците од северниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според локалните медиуми, но и според државната телевизија ЕРТ, ова ќе биде втора блокада за денеска, со оглед на тоа дека во периодот од 13 до 15 часот затвориле една од лентите за влез во Грција на товарни возила за меѓународен транспорт.

Не е исклучена можноста, вечерва, блокадата да биде целосна, односно да ги затворат сите точки за влез и излез од Грција на конкретниот граничен премин кон нашата земја.

Симболична едночасовна блокада на границата имаше и доцна синоќа.

Земјоделците од цела Грција во текот на денешниот ден одржуваат состаноци на кои ги информираат нивните колеги за вчерашната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а за утре напладне е закажана заеднички состанок на сите земјоделци за да ги одредат нивните следни чекори.

Со оглед на тоа дека првичните реакции по разговорите со Мицотакис се дека не биле исполнети сите нивни барања, се поверојатно е дека ќе се интензивираат протестите и блокадите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕДНА РАБОТА НА СВЕТИ ТРИФУН Е ЗАБРАНЕТА: Ова никако не го правете, а не подарувајте ги и овие работи – ќе доведат до разделба!

Следно

Израелската армија ги принуди раселените Палестинци да ја напуштат болницата Насер во Хан Јунис

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop