Грчки работници спречија контејнер со оружје да се извезе во Израел, оружјето во грција влегло преку Македонија

October 19, 2024
1 min read

Камион полн со оружје наменето за Израел, транспортирано преку Македонија во Грција, стопиран на грчкото пристаниште во Пиреа.

Десетици членови на грчкиот синдикат го блокираа товарењето на контејнерот наменет за израелската армија во знак на протест против војната во Газа. Контејнерот, кој во четвртокот од Македонија влегол во Грција, носел 21 тон муниција која требало да биде натоварена на брод кој плови под знамето на Маршалските острови. Крајна дестинација била израелското пристаниште во Хаифа.

„Сметаме дека тоа е најмалку што можеме да направиме. Не сме единствените, не сме први. Сите знаеме во овој момент дека во Палестина имаме над 40.000 мртви, над 20.000 жени и деца. Не сакаме да учествуваме како синдикат на пристаништето во Пиреја и да си ги обоиме рацете со крвта на невините, со крвта на народот. Овој товар беше транспортиран низ целата земја. Можеше да се случи било каква несреќа, бидејќи пренесува експлозивни материјали.“ – изјави Маркос Бекрис, претседател на Синдикатот ЕНЕДЕП.

Пред инцидентот, синдикатот на пристанишните работници ги повикал сите членови ширум државата да ја блокираат секоја испорака на оружје и муниција која ќе се користи за продолжување на војната во Газа. Камионот, кој имал важечка дозвола за транспорт, е задржан од пристанишните власти а контејнерот се уште не го напуштил пристаништето.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гаши: Гаранции од ЕУ, па Бугарите во уставот

Следно

Мицкоски на обуката со пратениците и фондацијата Конрад Аденауер имаше свое обраќање на тема Предизвици на парламентарната демократија

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop