Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

November 1, 2024
1 min read

Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за употребата на придавката „македонски“ и терминот „Македонија“, изразени на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, се најдоа во дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Премиерот Мицкоски инсистира на терминот Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Напади од националистите кон Мицкоски, затоа што оди на одмор…на Халкидики“; „Нова провокација од Мицкоски: Договорот од Преспа не го забранува терминот Македонија“; „Инсистира на Македонија, Христијан Мицкоски“; „Северна Македонија: Нова провокација од премиерот Мицкоски – Повторно зборуваше за „Македонија“ и „Македонци“ се дел од насловите во медиумите во Грција кои ја презедоа веста од државната агенција.

АНА-МПА пишува дека Мицкоски истакнал дека „при секоја негова изјава и интервју досега земјата ја нарекува Македонија, а граѓаните Македонци“ и во целост пренесува дел од неговите ставови.

-Можам да ви кажам дека никаде во Договорот од Преспа не е забранета придавката „македонски“ или „Македонија“. Тоа е регулирано со член 7, став 2 и 3 од Договорот и конечно можеме да се согласиме дека и ние имаме право да ја користиме придавката „македонски“ како што и тие (во Грција) имаат исто право, изјави Христијан Мицкоски од говорницата на Собранието, одговарајќи во четвртокот попладне на соодветно прашање поставено од пратеникот и лидер на ултранационалистичката опозициска партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и го обвини дека додека во минатото отворено застана против Договорот од Преспа, сега вели дека го „почитува“, пишува АНА-МПА.

Во продолжение пренесен е ставот на Мицкоски дека Апасиев секој месец, како пратеник на Северна Македонија потпишува за да добие пратеничка плата, но ги споменува и меѓусебните обвинувања за летните одмори на Халкидики и изјавата на лидерот на Левица дека оди на Халкидики, бидејќи е средна класа.

АНА-МПА потсетува дека „националистичката левичарска партија Левица“ на последните парламентарни избори во Северна Македонија го зголеми рејтингот на околу седум отсто.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Нема механизам за известување за инциденти на сајбер-напади

Следно

Кина ја започна 41. истражувачка експедиција на Антарктикот

Latest from Blog

Божиновска: Македонија се позиционира како енергетски центар на Балканот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во нова колумна ја претстави стратешката визија за енергетската трансформација на Македонија, нагласувајќи дека инфраструктурата што се гради денес ќе ја одреди енергетската

ВЛЕН: „Артан е црната кутија на ДУИ, сите стравуваат што може да каже“

Од коалицијата ВЛЕН обвинуваат дека во Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно се одвиваат внатрепартиски пресметки, во кои, според нив, се вмешани Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи. Во реакцијата на

Микел Артета: Сакаме да го направиме Арсенал најдобар клуб во светот

Фото: Арсенал Х Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговата амбиција е да продолжи да ја гради титулата во Премиер-лигата, ветувајќи дека ќе ги претвори „топчиите“ во „најдобриот клуб во светот“.

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и

Младите пијат сè помалку алкохол (како не им е срам) – Што велат трендовите во Македонија

Светските медиуми имаат нова омилена рубрика за „трач“ вести, поврзани со пијачките навики или недостигот од нив на младата популација, пред се од т.н. Генерација Зет. Натписите понекогаш се преувеличени, односно дека
Go toTop