Кина ја започна 41. истражувачка експедиција на Антарктикот

November 1, 2024
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Кина ја започна 41. истражувачка експедиција што ќе спроведува теренски истражувања на антарктичкиот континент, јавува Анадолу.

Во соопштението на кинеското Министерство за природни ресурси се наведува дека бродовите мразокршачи „Шуелонг“ и „Шуелонг-2“ со товарниот брод „Јонг Шинг“ денес заминаа за Антарктикот во седуммесечна експедиција.

Експедицијата се состои од повеќе од 500 службеници и истражувачи од 80 институции во Кина.

Планирано е експедицијата да воспостави инфраструктура за поддршка на новата истражувачка база, станицата Кинглинг, на брегот на морето Рос на источниот дел на континентот.

За време на експедицијата е планирано да се завршат распоредот и внатрешното уредување на главната зграда на станицата Кинглинг, чија изградба е започната минатата година.

Грубата изградба на базата, која се планира да биде петта кинеска истражувачка станица на Антарктикот и прва фокусирана на пафицичкиот сектор беше изведена минатата година за време на 40. истражувачка експедиција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

Следно

Рубен Аморим уште не пристигнат веќе го „отпишал“ фудбалерот кој го доведе Тен Хаг

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop