Андоновски: Нема механизам за известување за инциденти на сајбер-напади

November 1, 2024
1 min read

На денешната прес конференција министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одговарајќи на новинарско прашање во врска со фишинг нападите вели „немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер-напади“.

-Наследивме една тешка состојба во којашто најголемиот проблем е што недостигаат такви информации. Токму таков тип на анализи предвидуваме со алатката за мониторинг на инциденти и на закани којашто не само што ќе анализира колку се случува, туку и да знаеме од кој калибар се, од кое ниво се затоа што закани и инциденти има постојано. Некои се од грешка на вработени поради ниско ниво на сајбер хигиена, некои се поради кликнување погрешен линк којшто им бил пратен – оние фишинг напади, трети се големи напади коишто се случуваат тенденциозно, намерно кон институцијата, така што се уште немаме податоци затоа што нема механизам за известување за случаи, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028. 

Очекува дека со донесувањето на стратегијата ќе имаме, како што рече, точни задолженија на секоја институција да пријави кога ќе и се случи каков било инцидент и тие да се следат во реално време. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Правниот факултет во Белград тврди дека студентаката е сама виновна што пропаднала низ таванот на читалната

Следно

Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

Latest from Blog

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во

Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во
Go toTop