Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија

November 1, 2024
1 min read

Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за употребата на придавката „македонски“ и терминот „Македонија“, изразени на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, се најдоа во дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Премиерот Мицкоски инсистира на терминот Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Скопје: Напади од националистите кон Мицкоски, затоа што оди на одмор…на Халкидики“; „Нова провокација од Мицкоски: Договорот од Преспа не го забранува терминот Македонија“; „Инсистира на Македонија, Христијан Мицкоски“; „Северна Македонија: Нова провокација од премиерот Мицкоски – Повторно зборуваше за „Македонија“ и „Македонци“ се дел од насловите во медиумите во Грција кои ја презедоа веста од државната агенција.

АНА-МПА пишува дека Мицкоски истакнал дека „при секоја негова изјава и интервју досега земјата ја нарекува Македонија, а граѓаните Македонци“ и во целост пренесува дел од неговите ставови.

-Можам да ви кажам дека никаде во Договорот од Преспа не е забранета придавката „македонски“ или „Македонија“. Тоа е регулирано со член 7, став 2 и 3 од Договорот и конечно можеме да се согласиме дека и ние имаме право да ја користиме придавката „македонски“ како што и тие (во Грција) имаат исто право, изјави Христијан Мицкоски од говорницата на Собранието, одговарајќи во четвртокот попладне на соодветно прашање поставено од пратеникот и лидер на ултранационалистичката опозициска партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и го обвини дека додека во минатото отворено застана против Договорот од Преспа, сега вели дека го „почитува“, пишува АНА-МПА.

Во продолжение пренесен е ставот на Мицкоски дека Апасиев секој месец, како пратеник на Северна Македонија потпишува за да добие пратеничка плата, но ги споменува и меѓусебните обвинувања за летните одмори на Халкидики и изјавата на лидерот на Левица дека оди на Халкидики, бидејќи е средна класа.

АНА-МПА потсетува дека „националистичката левичарска партија Левица“ на последните парламентарни избори во Северна Македонија го зголеми рејтингот на околу седум отсто.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Нема механизам за известување за инциденти на сајбер-напади

Следно

Кина ја започна 41. истражувачка експедиција на Антарктикот

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop