Грчка вечер на Охридско лето со пијанистката Данае Доркен

July 25, 2025
1 min read

Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен.

Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла.

На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди Мењухин и уште тогаш ги освојува симпатиите на публиката со „нејзиното уживање во интерпретирањето на музиката“. По студиите со Карл-Хајнц Кемерлинг и со познатиот солист и педагог Ларс Вогт, започнува нејзината кариера и денес таа редовно гостува со водечките европски оркестри, меѓу кои: Камерниот оркестар на Париз, Симфонискиот оркестар во Дизелдорф, Германскиот симфониски оркестар, Оркестарот на Комичната опера во Берлин, Филхармонијата во Баден-Баден, оркестрите во Прага и Хелсинборг, Нордискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар од Њукасл, Естонскиот национален оркестар, како и оркестрите во Нирнберг и Вајмар. Остварува настапи во Лондонскиот „Вигмор хол“, Филхармонијата во Париз, „Концертхаус“ во Виена, „Моцартеум“ во Салцбург, „Тонхале“ во Цирих, „Бозар“ во Брисел, „Брукнерхаус“ во Линц, „Концертхаус“ во Берлин, операта во Франкфурт, салата „Мегарон“ во Атина, Филхармонијата во Келн, како и „Бетовенхаус“ во Бон.

Редовно е присутна на меѓународните, како и на фестивалските сцени во Германија. Нејзината сезона 2024/2025 е исполнета со значајни настапи како оној во центарот „Линколн“ во Њујорк со нејзиниот долгогодишен партнер за камерна музика, кларинетистот Себастијан Манц, потоа настапува со Оркестарот на Комичната опера во Берлин под диригентската палка на Џејмс Гафиган. Заедно со нејзината сестра Кивели ќе настапуваат како дуо пијано на повеќе концерти. Во декември 2024 година беше издаден нејзиниот албум „Глас два“ кој е проект со вибрафонистот и композитор Паскал Шумахер, а концертната промоција на албумот ќе биде претставена и во престижната сала на Елбфилхармонијата во Хамбург, како и во други концертни сали.

По повод 100-годишнината од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис што се одбележува оваа година, Данае Доркен ќе издаде албум со делата за пијано од овој композитор. Минатата година, исто така, беа промовирани неколку албуми – „Аполо и Дионисиј“ издаден за „Берлин класикс“ како дуо со нејзината сестра и три албуми со францускиот обоист Филип Тондре за издавачката куќа „Кларте“. Нејзиниот најзначаен аудиопроект, снимката на Моцартовиот концерт бр. 21 и ретко изведуваниот Втор концерт за пијано и оркестар од Феликс Менделсон под диригентство на Ларс Вогт и со Симфонискиот оркестар од Њукасл се здобива со одлични критики, додека пак соло-албумот „Одисеја“ е номиниран за повеќе значајни меѓународни награди.

Данае и Кивели Доркен заеднички го основаат Меѓународниот музички фестивал „Моливос“ на островот Лезбос во 2015 година на кој настапуваат бројни интернационални музички имиња како Себастијан Манц, Марлис Петерсен, Линус Рот, Максимилијан Хорнунг, а истовремено тие се посветени на добротворната работа со бегалци, промовирањето на грчката музика, како и на зајакнување на врските помеѓу Германија и Грција.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. На програмата се дела на Шуман, Менделсон, Теодоракис, Сај и Лист. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интерпелацијата за републичкиот јавен обвинител Коцевски на собраниска седница на 29 јули

Следно

Сончево и многу топло време

Latest from Blog

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ИЗРАЕЛ: „Ги крши човековите права“

Шпанија, Словенија и Ирска побараа од Европската комисија да покрене дискусија за евентуалното суспендирање на Спогодбата за асоцијација меѓу Европската Унија и Израел, објави денес шпанскиот медиум „Кадена Сер“. Министрите за надворешни

Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа е резултат на новите политики на Владата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни,

Интер го„скрши“ Каљари и ита кон титулата!

ФОТО:facebook.com/Inter/ Интер направи голем чекор кон враќање на титулата во Милано, а вечерва се приближи уште повеќе до освојување на Скудетото со победата од 3:0 дома против Каљари во првиот натпревар од
Go toTop