Гран при за „Траги на диви животни“ на српскиот режисер Ненад Павловиќ на фестивалот „Преку езерото“

July 24, 2023
1 min read

Филмот „Траги на диви животни“ на српскиот режисер Ненад Павловиќ го освои гран прито за најдобар медитерански филм на второто издание на фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“ во Дојран.
Наградата за најдобра медитеранска приказна му припадна на францускиот филм „Љубов според Далва“. Далва има 12 години. Живее со својот татко, се случува инцидент и полицијата се сомнева на најлошото, злоупотреба на дете. Режисерката Емануел Никот на вистински начин ја отвора најжестоката тема на денешницата – растурањето на семејните и човечките односи до крајните граници на моралот и етиката.

За најдобар режисер е прогласена Назли Елиф Дурлу од Турција. Нејзиниот филм „Зухал“ го затвори фестивалот под отворено небо.
Домашниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска ја доби наградата за најдобар краткометражен игран филм во кој неколку светски славни карактери од познати романи се загубени во фантастичниот свет на едно ново сценарио полно со апсурдни ситуации.
Натпреварувачкиот дел од фестивалот беше главното мени на медитеранската
филмска трпеза. Официјалната селекција беше составена од пет долгометражни и девет краткометражни играни филмови на автори од десетина балкански и медитерански земји.
Дел од официјалната селекција е и иранскиот филм „Трета светска војна“, филм што ја занеме публиката. Го прикажа животот на Шакиб, бездомен дневен работник. Градилиштето на кое тој работи моментално е претворено во сет за снимање филм за злосторствата што ги има направено Хитлер за време на Втората светска војна. Неочекувано, му се даваат филмска улога, куќа на располагање и шанса да биде некој и нешто. И го претвора во најлошата верзија од себе.

Вистинско изненадување беше и „Бродвеј“ што доаѓа од Грција. Некогашното блескаво атинско кино со холивудско име „Бродвеј“ е напуштено и руинирано, па во него живеат џепчии и ситни криминалци. И Барбара. Маж, жена, трансвестит.
Вчеравечер заврши филмски маратон од балкански и медитерански филмови, краткометражни и долгометражни, создавани по оригинални сценарија, кои иницираат суштински прашања, упатуваат длабоки пораки, креваат прав, со не толку вообичаени тематики. Филмови од Турција, Франција, Иран, Грција, земјата во фокус Србија беа дел од збитата програма на второто издание на фестивалот на балканскиот и медитеранскиот филм „Преку езерото“. Во Дојран пет дена циркулира културен бран. Дваесет филма во три селекции, од сите жанрови и со најразлични теми се проектираа под отворено небо, под ѕвездите на брегот од Дојранско Езеро. Шареноликата публика уживаше во импресивната селекција на Небојша Jовановиќ, уметнички директор и програмски селектор на официјалната програма на фестивалот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Антетокумпо со урнебесна порака до Ал Хилал: Земете ме мене, личам на Мбапе!

Следно

(ВИДЕО) Водена бура во Италија – една жена загина, авион оштетен од град принудно слетал во Рим

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop