Граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина: „Најстрога казна за сторителот на убиството“

February 16, 2025
1 min read

Во организација на граѓанското движење „Кој е следен“, денеска, се одржа третиот протестен марш на кој граѓаните бараа правда за 22-годишната Фросина Кулакова, младата модна дизајнерка од Неготино која животот го загуби откако беше прегазена на булеварот „Партизански одреди“ додека преминувала пешачки премин.

Протестниот марш започна пред Универзална сала, каде што беше прегазена младата Фросина, потоа продолжи пред Владата, па пред Собранието и заврши пред Апелациониот суд во Скопје, каде граѓаните со пароли „Ние сме гласот на Фросина“, „Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Валкани пари – смртни последици“, „Најстрога казна за сторителот на убиството на Фросина“, испратија порака да се стави крај на неказнивоста и селективната правда.

Ова не е политички проблем, туку системски, порача Росица Кулакова, сестра на младата Фросина, нагласувајќи дека правдата мора да биде задоволена.

-Да не заборавиме зошто сме сите тука. Ова не е политички проблем, туку системски проблем кој опстојува 30-тина години наназад. Повикувам никој да не ја злоупотреби нашата семејна трагедија, трагедијата на семејствата на Теодора, на Викторија итн. Наместо да продолжиме да го делиме народот политички, време е да се обединиме сите заедно, само така може да го собориме криминалниот и корумпиран систем којшто нас нè покосува. Овде сме да бараме правда за сите обесправени семејства, за Оливер, за Викторија, за Фросина Кулакова, за Фросина Цековска, тие веќе немаат глас, но ние сме нивниот глас. Правда мора да има, порача Кулакова.

Од граѓанското движење „Кој е следен“ упатија порака дека потребни се безбедни улици, почитување на ограничувањата на брзината и казни за несовесните возачи.

Фросина Кулакова од Неготино на 29 јануари, годинава беше прегазена додека поминувала пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. Дваесет и двегодишната девојка беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој, според обвинителството, возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло. На Јованов му е одреден притвор од 30 дена. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Флик за црвениот картон на Белингем: Покажа непочитување!

Следно

Голем одзив и на денешниот протестен марш „Кој е следен?“

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop