Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски го започна одбележувањето на Денот на азбуката на Албанскиот јазик во основните училишта „ВИЗБЕГОВО“ и „ПЕНКО“

November 21, 2024
1 min read

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, со пригодна активност во основните училишта „Визбегово“ и „Петар Здравковски-Пенко“ го почна одбележувањето на Денот на азбуката на Аалбанскиот јазик. Овој настан помина во празнична атмосфера, во која беа вклучени ученици и наставници од овие две основни училишта.

За време на оваа активност, Костовски ја истакна важноста од зачувување и промовирање на јазичната различност како заедничка вредност на граѓаните на општина Бутел. Тој им го честиташе овој значаен ден на учениците и наставниците и ја изрази својата поддршка за проектите кои го унапредуваат меѓуетничкото разбирање и соживотот.

„ Денес во општинските основни училишта “Визбегово” и “Петар Здравковски – Пенко” го одбележавме денот на албанската азбука. Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест. Почитувајќи ги меѓусебните разлики ги потврдуваме нашите заложби за градење на подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска Општина Бутел. На сите припадниците на албанската етничка заедница во Општина Бутел сакам да им го честитам Денот на азбуката и да ги повикам сите граѓани заеднички да работиме на почитување на соживотот кој заедно го негуваме. “, напиша на својата веб-страница во facebook градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

Учениците од основните училишта „Визбегово“ и „Петар Здравковски – Пенко“ рецитираа песни посветени на азбуката на Албанскиот јазик, а наставниците споделија стории за значењето на овој ден во Албанската култура. Оваа активност ја нагласи посветеноста на општината да гради мостови меѓу заедниците и да ги промовира вредностите на соживот и меѓусебното почитување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обид за злоупотреба на избирачко право: 72-годишен скопјанец на последните претседателски избори се обидел да гласа наместо друг

Следно

Антикорупциска: Законот важи за сите. Судиите не се „сите“?!

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop