Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до ОЈО ГОКК

June 26, 2025
1 min read

Град Скопје поднесе 20 случаи на незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Како што посочи градоначалничката Данела Арсовска, не станува збор за тераси или гаражи, туку за цели згради изградени спротивно на закон, чија изградба, само на еден објект, чинела над еден милион евра, а основните давачки како комуналии се над 1,5 милион евра.

Според Арсовска, во Општина Чаир има над 150 вакви згради по 12 ката, без дозволи и проекти, со што буџетот на граѓаните е оштетен за 225 милиони евра – криминал за кој, како што нагласи, знаел или требале да знаат градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и неговите соработници.

Арсовска приложи две официјални сателитски снимки од Агенцијата за катастар на недвижности од 2017 година, каде на локацијата ги нема дивоградбите, а Законот за легализација пак важи единствено за објекти изградени пред 2011 година.

– Магично, во втората половина на 2023 година отпочнува плоча, што станува зграда на 12 ката во 2024 година. Е сега, нас Висар Ганиу се обидува да нè убеди дека сè ова е легално. Иновацијата е што оваа зграда, изградена во 2024 година, ја аплицирал со свое барање извесен Беким Аземи, кој што е брат на претходниот 15-годишен иноватор, Бујар Аземи. Иновацијата е што Беким Аземи е најмладиот претприемач во Македонија во изминатото столетие. Тој, според документацијата што е презентирана, ја изградил оваа зграда во 2010 година кога имал само 11 години, а на 12 години своерачно поднел барање за легализација. Затоа и не е чудо што сме четврта најуспешна економија во Европа, затоа што нашите млади уште од 12 години градат згради во Чаир и стануваат милионери. Да резимирам – ова е криминал – изјави Арсовска.

Арсовска, исто така, посочи дека Висар Ганиу во три години има направено повеќе дивоградби од сите општини заедно што имаат предмети.

– Ако сите скопски општини имаат стотина предмети, Висар Ганиу има 13 илјади предмети, што сам го има лично кажано. Дали може да замислите колку од овие се всушност незаконски направени… зборуваме за многу посериозна работа, за небезбедност и неправда, зборуваме за луѓе кои се измамувани да купуваат станови во објекти, а не се свесни дека се нелегални – изјави Арсовска.

Според Арсовска, финансиската штета за само еден ваков објект е над 1,5 милион евра.

– За 150 вакви дивоградби во Општина Чаир тоа се 225 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, кои треба да се влеат во буџетот и да се трошат за вашите потреби – нагласи Арсовска.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Жителите на Паркот за диви животни во Анталија се разладуваат со коктели од ледено овошје

Следно

Жерновски: Мицкоски е одговорен за блокадата на извештајот во Европскиот парламент

Latest from Blog

Меџити: Координирани активности за заштита од високите температури во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Проданоски: Прилеп горд на своите ученици – тие се амбасадори на знаењето

Градоначалникот на Прилеп, Проданоски, истакна дека младите и нивните успеси се најсилната потврда за квалитетот, трудот и посветеноста во образованието. „Нашите ученици се нашата најголема гордост и најсилна потврда дека знаењето, трудот

Димитриеска-Кочоска: Владата инвестира во проекти што носат долгорочни резултати

26 јуни 2026 година, Скопје– Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните

Очекувано реми на Парагвај и Австралија, Турција си замина дома со победа над домаќинот (ВИДЕО)

Групата Д на текониот Мундијал го доби очекуваниот епилог синоќа. Последното трето коло го донесе расплетот на табелата, и патниците во следната елиминациона фаза. Она што се претпоставуваше дека ќе се случи
Go toTop