Град Скопје: АА прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи, а потоа да коментираат за други

October 26, 2023
1 min read

реклама


По прес конференцијата на Алијанса за Албанците, се огласија и од Град Скопје.

„Пред да се дрзнат со изнесување на лаги и манипулации насочени кон Град Скопје, апелираме Алијанса за Албанците прво да погледнат кон своите кадри и да побараат реакција од надлежните државни органи да превземат соодветни мерки за незаконското постапување на градоначалникот на општина Гостивар, а потоа да коментираат за други.

реклама

Градот Скопје апелира до сите надлежни државни институции да направат ревизија на поставените раководни кадри во седум училишта во општина Гостивар, кои на целосно незаконски, нелегитимен и нетранспарентен начин без поседување уверение за директор се поставени и тоа во СОМУ Гостивар, ООМУ Енвер Стафаи, СЕОУ Гостивар, ОУ Гоце Делчев, ОУД Бранко Станоевиќ и ОУ Прпарими.

Жалиме што Алијанса за Албанците, на кои не им успеваат притисоците врз градската администрација да постават нивни кадри по партиски клуч, мораат да посегнат по вакви лаги и манипулации.

реклама

Кадрите на Таравари се раководни лица во институцијата која ги контролира сите наводи, прави по нарачка селективни напади и политички се пресметува со неистомислениците и оние врз кои не може да влијае, а не помислуваат да покренат постапка за општина Гостивар каде градоначалник е токму Арбен Таравари, за што ќе бидеме должни пред јавноста да ги изнесеме сите наводи и да побараме покренување на соодветна одговорност од институциите особено за противзаконското работење за горенаведените лица“, велат од Град Скопје.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски не напиша датум за избори на листот што му го даде ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Огранок на Алтернатива – Чаир: 2/3 од членовите на огранокот се откажуваат од партијата

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop