Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде град достапен и инклузивен за лицата со оштетен вид

October 15, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја одбележа Меѓународниот ден на белиот стап, симбол на независноста, достоинството и самостојноста на лицата со оштетен вид.

Заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, Ѓорѓиевски ја посети ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје, каде уживаше во музичките изведби на децата, моменти исполнети со емоции и радост.

„Наш врвен приоритет ќе бидат лицата со посебни потреби. Градот Скопје ќе биде град на хуманоста кон сите негови жители,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека во изминатиот период, како градоначалник на Кисела Вода, обезбедил книги на Брајово писмо и нови униформи за децата, со цел да се подобрат условите за сите.

„Во градот Скопје ќе продолжиме со истата посветеност. Ќе работиме на тоа градот да биде поврзан со дактилни патеки кои ќе им овозможат на лицата со оштетен вид полесно и побезбедно движење. Нашата цел е Скопје да стане вистински инклузивен град каде секој човек ќе може да живее достоинствено, слободно и рамноправно,“ порача Ѓорѓиевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Словачкиот претседател Петер Пелегрини во посета на скопско средно училиште СУГС „Марија Кири – Склодовска“

Следно

Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

Latest from Blog

Стентон Градба гради нов индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

Во ТИРЗ Жабени – Битола е во тек изградбата на нов производствен објект на компанијата Brainchild, а изведбата на проектот ја реализира градежната компанија Стентон Градба, која е ангажирана на терен во спроведувањето на оваа значајна

Николоски од Вашингтон: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот развој на Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот на Светска банка во Вашингтон зборуваше за значењето на паневропските транспортни коридори 8 и 10, истакнувајќи дека тие се меѓу најважните инфраструктурни проекти

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го

Почина Кирил Поп Христов – Кили

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Кирил Поп Христов – Кили почина на 58 годишна возраст. Кили починал на Еквадор каде живееше долги години. Таму се пресели во 2014 година Христов дипломира
Go toTop