Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

October 15, 2025
1 min read

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, денеска ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина, по извештајот што покажа остар пад на воената поддршка за Киев во јули и август.


„Мир постигнуваш кога си силен. Не кога користиш силни зборови или покажуваш со прст, туку кога имаш силни и реални способности што твоите противници ги почитуваат“, изјави Хегсет пред новинарите пред состанокот со колегите од НАТО во седиштето на алијансата во Брисел, објави Ројтерс.

Тој ги замоли сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата „Приоретна листа на барања за Украина“ која ги замени донациите за оружје од САД за Украина, а сега низ оваа програма се плаќа за американско оружје наменето за Киев.


„Нашите очекувања денес се повеќе земји да донираат повеќе, да купат уште повеќе за да ја снабдуваат Украина со цел овој конфликт да дојде до мирна завршница“, нагласи тој.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде град достапен и инклузивен за лицата со оштетен вид

Следно

Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип го доби најсовремениот ултразвучен систем

Latest from Blog

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop