Ѓорѓиевски на средба со Азески: Градот Скопје да се развива во силен економски центар

July 24, 2025
1 min read

Да се елиминираат поделбите во надлежностите на градот особено во сферата на урбанизмот и да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје, порача претседателот на Комората Азески. Тој даде и одредени предлози во идниот развој на градот.

„Да се видат оптималните можности на Скопје, за понатамошен развој, затоа што, ние ако вака продолжиме со ширење на градот практично ќе ја донесеме цела Македонија тука, особено од аспект на бизнисот. Ние уште на првата средба разговаравме со господинот Ѓорѓиевски за едно решение да покрај кејот на Вардар се направи некаква железница со која што луѓето ќе се растеретат“, истакна Бранко Азески.

Ѓорѓиевски пак рече дека потребно е Скопје да се изгради во економски стабилен град и дека со бизнисот ќе има тесна соработка.

„Она што е мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје, кое што ќе граби напред, Скопје каде што ќе се утврдат потенцијалите негови не за две, за три, за пет, туку за многу повеќе години. Многу е важно ние да имаме економска стратегија за развивање на нашиот главен град, да имаме силно стопанство од една страна, но од друга страна да имаме нови добро платени работни места во градот Скопје“, вели Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски говореше и за дивоградбите во Скопје за кои рече дека е потребно институционално справување со нив, а истакна и дека деталните и генералните урбанистички планови треба да бидат подостапни до граѓаните за да знаат што ќе се гради.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Молк од Владата, аларм за индустријата на игри на среќа: 10.000 работни места под закана

Следно

Русија: Хуманитарните договори постигнати на третата рунда преговори со Украина се „позитивни“

Latest from Blog

Николоски: Се гради првото туристичко езеро на истокот – Отиња веќе 70% готова (ВИДЕО)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски објави дека изградбата на браната Отиња е реализирана во 70 проценти, што претставува значаен чекор кон создавање на првото туристичко вештачко езеро во

Аврамовски: „Судењето за Кочани станува неефикасно поради законските измени“

Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик. Тој посочува дека

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни
Go toTop