Русија: Хуманитарните договори постигнати на третата рунда преговори со Украина се „позитивни“

July 24, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес соопшти дека ги смета хуманитарните договори постигнати на третата рунда обновени мировни преговори со Украина во Истанбул како „позитивни“, јавува Анадолу.

„Продолжувањето на размената и враќањето на телата на цивилите, е исклучително важен хуманитарен аспект кој, од наша гледна точка, треба да биде на дневен ред. Но, сепак е позитивен аспект“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите на брифингот за медиумите.

Повторувајќи дека Москва не очекува пробив во разговорите, Песков рече дека руските предлози на состанокот биле „конструктивни, специфични и насочени конкретно кон суштинска работа што може да доведе до постигнување на конкретни резултати“.

Песков, исто така, зборуваше за потенцијална лидерска средба меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, велејќи дека сè уште е потребно да се работи на оваа тема.

„Тие се обидуваат да ги прават работите по обратен редослед. Прво, треба да се заврши целата работа, а потоа на раководителите (претседателите) треба да им се даде можност да ги евидентираат постигнатите достигнувања“, додаде тој.

Тој негираше какви било конкретни дискусии за можна средба меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Кина во септември.

Русија и Украина синоќа ја одржаа третата рунда директни мировни преговори, со посредство на Турција. Тие се согласија за нова размена на затвореници со најмалку 1.200 лица од секоја страна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски на средба со Азески: Градот Скопје да се развива во силен економски центар

Следно

Компанијата „Аселсан“ ги претстави системите што ќе бидат интегриграни во системот за воздушна одбрана „Челична купола“

Latest from Blog

Трибините „експлодираа“ кога Ѓоковиќ се појави во Арената во Белград (Видео)

Најголемиот спортист во историјата на Србија, тенисерот Новак Ѓоковиќ, е присутен на натпреварот од првото коло на Евролигата помеѓу Црвена ѕвезда и Жалгирис, кој се игра на „Белградска Арена“. Тој влезе во

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата
Go toTop