Ѓоре Магаревски со сета своја актуелност се врати на сцената – 80 години Народен театар Битола

November 16, 2024
2 mins read

Синоќа Народниот театар – Битола со претставата „Ѓоре Магаревски “ го одбележа 80 годишниот јубилеј на театарот.

Во преполната сала, претставата и ансамблот беа поздравени со бурни и долги аплаузи, како и чинот на доделувањето на плакети за пензионираните актери и вработени на еден од водечките тетари во Македонија.

По повод големиот јубилеј, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, упати честитка до институцијата во која нагласи дека од своето основање до денес, Народниот театар од Битола претставува еден од столбовите на македонската култура и на театарската уметност воопшто.

Во архивата на Театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола е изведена првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски, а веднаш потоа е формирано првото театарски јадро со Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.

Римејкот на претставата „Ѓоре Магаревски – 80 години потоа“ е составен од три дела во режија на Софија Ристевска Петрушева, Јован Ристовски и Благој Мицевски.

– Симболично сакаме да кажеме дека театарот продолжува и после 80-годишнината, заеднички и обединето. Интересно е што во оваа едночинка се опишува константната промена на идентитетот на нашиот народ заради повеќе причини. Момент кој се провлекува низ нашата историја доста долго. Јас ја поставив оваа едночинка низ комедијата, иронијата и гротеската. На крај гледаме како тие жени, народ, таа држава им пресудуваат на предавниците – истакна Софија Ристевска Петрушева на прес-конференција одржана во НТБ, додавајќи дека единствено што е важно за секој човек се честа, моралот, лојалноста и солидарноста, а никој на крај не го почитува предавникот.

– Луѓето во таа 1944 живееле во едно друго време и со друга идеологија. 80 години потоа, овој народ не живее со иста идеологија. Порано сите се бореле за одредени вредности, она што денес недостига. Во мојот дел од претставата отворив прашања за оние делови од историјата, но и сегашноста кои Македонецот ги премолчува, оној дел кога се плашиме да ја изговориме вистината – изјави Јован Ристовски.

Режисерот Мицевски истакна дека неговиот дел од претставата е повеќе документарен.

– Таа историја се повторува и ни се случува и во овој момент. Секоја вистина има повеќе вистини. Целиот проект го гледам како таков во потрага по тоа што е вистина, кои се наши херои, кои се наши предавници. Историјата треба да биде некаков учебник од кој ние ќе извлечеме поуки, кои ќе нѐ носат во некој подобар и поубав свет. Она што ми е најважно е дека овој театар како прв во државата во континуитет до денес, изведува претстави на македонски јазик, дека и понатаму е еден од театрите кој може да изведе ваква претстава. Се надевам дека оваа претстава ќе остане како еден документ и инспирација за тоа што сѐ овој театар може – изјави Мицевски.

Авторката и драматург Билјана Крајчевска истакна дека оваа едночинка од пред 80 години го претставува политичкиот театар кој работи на самосвеста, претстава која го означува почетокот на културолошкиот, театарски идентитет на нашата земја.

– Денес децата размислуваат на странски јазик, не можеме да ги навикнеме да размислуваат на македонски, а секогаш нѐ учеле за да знаеш некој јазик треба, пред сѐ, да го знаеш сопствениот. Денес светот е отворен, зачувувањето на македонскиот јазик, нашето национално богатство, е од огромно значење.Треба да се зголеми творештвото на македонски, затоа што останува после нас само она што сме го создале. Секој човек во светот има идентитет, различноста е прекрасна, и затоа многу е важно да се сочува сопствениот идентитет – истакна Крајчевска.

Јубилејот на Битолскиот театар, се одбележа токму со првата претстава која се одиграла на македонски јазик во слободна Македонија, на 14 ноември, 1944 година, кога беше одиграна едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот Ѓоре“ од Владо Малески, во режија на Димче Стефановски.

На сцената во новата претстава настапија актерки и актери од сите генерации, вклучувајќи ги и пензионираните. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија е на Благој Мицевски и Андреј Папаз Ѓоргиевски, светло-мајстори се Игор Мицевски и Горан Петровски, тон-мајстор е Александар Димовски, шминката е на Стефанија Илиевски, видеооператор е Владимир Переловски, автор на плакатот е Сашо Илковски, инспициент е Димитар Михајловски.

Со основањето на НУ Народен театар – Битола во 1944 година почна процесот на основање на другите театри во земјава – во Скопје, Прилеп, Велес и во други македонски градови. Низ годините Битолскиот театар стана бренд кој со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде во светот.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дамева за одлуката на ДКСК: Директен упад во судската власт

Следно

Со развојниот буџет за 2025 година ќе се обезбеди забрзана економска и финансиска трансформација на Македонија

Latest from Blog

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.05.2025 година (недела), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на

Над 20 000 ученици дел од „Генералка викенд“

Над 20.000 ученици и повеќе од 1.000 наставници од основните и средните училишта се приклучија на националната еко-акција „Генералка викенд“, низ практични експерименти, часови и работилници посветени на заштита на животната средина

Заврши изборната кампања пред утрешните парламентарни избори во Албанија

Со повик за масовна поддршка и убеденост во победа на неделните парламентарни избори, со синоќешните масовни митинзи во Тирана, партиите ја заокружија едномесечната интензивна изборна кампања. Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама,

Денвер Нагетс во продолжение ја совлада Оклахома Сити Тандер и поведе со 2-1 во плејофот на НБА

ИСТАНБУЛ (АА) – Во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата, Денвер Нагетс на домашен терен ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 113-104 во продолжението и поведе со 2-1 во серијата, известува

Со 2,28 промили управувал мотоцикл и излетал од патот во Струга, полицијата го привела

На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во
Go toTop