Дамева за одлуката на ДКСК: Директен упад во судската власт

November 16, 2024
4 mins read

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева ја оцени како директен упад во судската власт одлуката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дамева во вечерашното гостување на Топ Тема на Телма тврдеше дека одлуката на Судскиот совет да назначи двајца свои членови во УО на Академијата била транспарентна и ѝ забележа на ДКСК зошто не ги известила за седницата на која се разгледувала таа одлука.

-Морам да го искоментирам начинот на одлучувањето на ДКСК, имено, крајно разочарувачки. Затоа што во поткрепа на иницирање на постапка спрема Судскиот совет, Комисијата не најде за сходно дури ниту да побара аргументација од Судскиот совет, да го побараше записникот, да види кои се фактите и аргументите врз основа на кои ја донел одлуката. Тоа е прво, второ Судскиот совет не беше известен за седницата, која што беше закажана, мислам како интервентна со оглед на датумот на иницирање на постапката, па барем да беше запознат да имаше претставник таму да ја даде својата аргументација, рече Дамева.

Забелешките на антикорупционерите и невладините организации беа дека одлуката на Судскиот совет е незаконска затоа што законот предвидува членовите на Управниот одбор кои ги назначува Судскиот совет да бидат од редот на активните судии. Но, Дамева е на ставот дека најрационално и најефикасно е тие да бидат од Судскиот совет.

-Знаете, спроведувајќи ја надлежноста Судскиот совет го знае профилот на секој судија, и замислете ако имавме барем двајца членови на Судскиот совет во моментот на избор на директор, идентично е и за обвинители. Значи ако имаше двајца членови од Советот на обвинители, двајца од Судскиот совет, сигурно дека ќе дадеа поголем придонес во насока на аргументација на избор на директор, не зборувам за конкретниот избор, генерално за избор на директор, кое што е впрочем и во надлежност на Управниот одбор, и цврсто останувам на тој став. Но, имам впечаток дека во нашата држава сите како да сакаме да ги толкуваме законите, како да не сакаме да ги читаме законите. Мојата аргументација ќе ја задржам за себе по однос на тоа дали треба од редот на редовни судии или тоа може да бидат и членови на Судскиот совет, односно фактот што редовни судии не познава нашето судство апсолутно нема активни, но и тоа е прашање на дилема, рече Дамева.

Таа искажа забелешки и за начинот на кој Антикорупциската комисија ја донело одлуката, како и на нејзината содржина.

-Од она што го видов кога ја примив одлуката, не го анализирав образложението бидејќи во оваа фаза сметам дека не треба да го сторам, тоа ќе го разговараме заедно со членовите на Судскиот совет, но крајно разочарувачки и крајно тенденциозно е во изреката стои „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК? Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството, рече Дамева.

Во однос на проблемот со недоволниот број судии, претседателката на Судскиот совет укажа дека веќе спровеле две анализи за реалната потреба од судиски места, воедно, вели, Судскиот совет прибира податоци од сите судови и по однос на човечките ресурси во судството за да помогне на Министерството за правда, да изгради стратегија за човечки ресурси која е неопходна за успешен реформски процес. Таа при тоа е децидна дека за ова прашање решението не е во Судскиот совет. 

-Со оглед дека нема законска можност и едиснтвена законска можност е да се избираат судии од редот на завршените кандидати во Академијата, останува на извршната власт да обезбеди барем просторни услови за Академијата, мислам на поголема зграда од која ќе можат да се регрутират голем број на судии. Не 50, 55, како што е оваа генерација, да може Академијата во една генерација да произведува по 200, 250 судии. Така ќе се надмине проблемот. Тоа е првата состојба и втората можност е да се преиспита потребата од враќање на старосната граница како што беше пртходно, односно да  претрпи измени Законот за работни односи и да се зголеми таа старосна граница. Тоа се двете можности, законски други можности во овој момент нема, меѓутоа и тоа се предлозите за законски измени, вели Дамева.

Во контекст на буџетот за правосудството кој и наредната година се предвидува да остане на 0,3 отсто од БДП, Дамева оценува дека тоа не е доволно, оти тие не го надминуваат ни минимумот за нормално функционирање, ако се има во предвид дека за плати за судиите отпаѓаат 75 проценти. Граѓаните заслужуваат брза и ефикасна правда, но таа не може да се овозможи ако вие немате човечки ресурси, ако немате финансиски средства, ако немате судии. Затоа, вели, вчера на собраниската комисија апелирала за неопходноста од амандмански интервенции за доделување на потребните средства.

-Она што е во надлежност на другите две власти, сакаат да имаат успех во нивната власт. Буџетот е во надлежност на извршната, во мoментот на усогласувањето на тој буџет, а законодавната која си го носи е во нивна надлежност. И најчесто, барем мојата лична перцепција е дека сакаат да ги задоволат потребите во другите две власти. За судската власт никој никогаш, ниту оваа власт, ниту претходната, ниту некоја наредна ќе има слух за судството. Затоа сме ние тие коишто треба да ги превземеме наредните чекори, но јас се надевам дека ќе има волја за заеднички да ја подобриме состојбата, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат, подвлекува претседателката на Судскиот сосвет, посочувајќи дека судската е единствена власт која не користи репрезентации, нема службени картички, не користи службени возила и се исплаќаат трошоци во висина на автобуски билет, а тоа не е случај со носителите на функции во другите две власти.

На прашањето дали се соочила со влијанија,  односно со кого е блиска бидејќи сегашната власт ја обвинувала за блискост со опозицијата, а претходната власт, за блискост со тогашната опозиција, Дамева посочува дека и двете обвинувања се неосновани.

-Блиска сум со моите пријатели од детство, со моите другарки, со моите соседи и со уште многу луѓе, но генерално не се од политиката. Ако поранешната власт ме разреши, сегашната власт иницираше постапка за разрешување на Судскиот совет, во кој спаѓам и јас. Така да тие поврзувања апсолутно не се воопшто основани и не сум блиска со политичари, дури и оние што ми се познаници, апсолутно, ви кажав, имам бедем ставено и не можат да допрат до мене по однос на иницицирање или дејствување на одредени барања за услуга, за влијание врз некоја одлука или слично, вели Дамева.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Леброн Џејмс заминува во пензија

Следно

Ѓоре Магаревски со сета своја актуелност се врати на сцената – 80 години Народен театар Битола

Latest from Blog

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за

Барселона ќе мора да ја почне сезоната без Френки Де Јонг

Барселона денес ја потврди сериозноста на повредата на холандскиот интернационалец, Френки де Јонг. Клубот објави дека холандскиот играч за врска претрпел кинење на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и, иако клубот

Припадник на ќелија „спијачи“ на Хамас работел во луксузен хотел на Крит- подготвувал напад на крузер

37-годишниот Египќанец од палестинско потекло, идентификуван од медиумите како Мотасема, бил уапсен на почетокот на јуни во туристичкото одморалиште Агиос Николаос во операција на грчките специјални сили, откако неодамна се вработил како

Кумановски села трет ден без струја

Веќе три дена села од кумановско се без електрична енергија. Невремето предизвика сериозни штети. Освен без струја, дел од жителите, немаат ниту вода. Се снаоѓаат како што умеат. Оштетени се куќи, викендици,

Општина Чаир со нова културна иницијатива: Фестивалот „Чаршија“ стартува со богата програма

Во амбиентот на Старата скопска чаршија денеска официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, нова културна иницијатива на Општина Чаир, која има амбиција да прерасне во традиционална годишна манифестација
Go toTop