Ѓорче Петров ја градеше ВМРО посветувајќи го животот на Македонија

April 2, 2024
2 mins read

На тој ден пред 159 години, на 2 април 1865 година имало радост во семејството на Петре, учителот од Тројаци, во прилепската населба Варош оти се родил машки потомок. Детето крстиле како Георги Петров Николов, но подоцна, додека го поминувал животниот пат името по кое се препознаваше беше Ѓорче Петров. А тој потоа со делото што го направи како професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација, револуционер, остана трајно запишан во меморијата на македонскиот народ.

Неговиот животен пат посветен на Македонија практично започнал во годините кога се школувал Основното образование го завршува во Прилеп, а по неуспешниот обид да се запише во Софиската машка гимназија како стипендист, Ѓорче се враќа во Македонија. Потоа почнува да се школува во Солунската машка гимназија во која останува се до неговото исклучување во 1884 година поради учество во ученичкиот бунт. По ова, заминува на школување во Пловдив каде го завршува образованието и се враќа во Македонија. Работи како учител во Штип и Скопје (1888–1891) каде соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Во 1896 година ја објавува и книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ и во која за српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците пишува следно:

-… Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г. Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун…, напишал револуционерот.

Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО каде на Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата.

Единствено тој и Гоце Делчев се спротивставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност. Своите погледи ги образложувал во својот весник „Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата „Македонија на Македонците“. Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со чета во борбите кај прилепско-мариовскиот крај.

По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес… Го уредувал и списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола и Драма и бил противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција.

Таков прегор горел во него се до неговото убиство на 28 јуни 1921 година во бугарската престолнина Софија. Тогаш, тој по излегувањето од работа свратил во кафеана во Софија. Помуабетил со Петар Чаулев, член на ЦК на ВМРО и на излегување по него тргнало и лицето по име Реџеп… По неколку минути Ѓорче Петров бил убиен.

Подоцна, се претпоставувало дека убиството го нарачал Тодор Александров и дека тоа претставувало само едно од бројните случаи на меѓусебните пресметки кои се случувале во редовите на македонското револуционерно движење меѓу спротивставени струи, фракции, но и предавници. Така завршил животниот пат на еден од најголемите македонски револуционери, личност која целиот свој живот го посветила на борбата за слобода на македонскиот народ меѓу кој споменот на него никогаш не згаснал. Преку неговото дело тој покажа дека македонскиот народ само преку борба може да се дојде до слобода. Но, неговата смрт остави и едно големо предупредување – за трагичните пресметки во македонското револуционерно движење кои оставија тешки последици.

 

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Саити: Не сметам дека имаме неквалитетни одлуки, но сигурно недовербата нешто детектира во однос на нашето работење

Следно

Гугл ќе го брише она за што се колнеше дека не го ни чува

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop