„Големиот бел заговор“ на сцената на Театар Битола: Последните денови од животот на рокенрол ѕвездата и фронтмен на бендот Нирвана, Курт Кобејн

October 31, 2023
1 min read

На 31 октомври 2023 година во НУ Народен Театар Битола, со почеток од 20:00 часот ќе може да ја погледнете  „Големиот бел заговор“ , театарска претстава, поставена во формат – реализам. Раскажани се последните неколку денови од животот на рокенрол ѕвездата и фронтмен на бендот Нирвана, Курт Кобејн, и за влијанието на музичката индустрија врз неговиот кревок карактер во период од животот кога тој сака да престане да се занимава со музика, но и со конзумирање на опијати, од причина што целосно сака да му се посвети на своето семејство и да живее нормален живот.

Заради својата искреност, љубов и длабока верба во луѓето, Курт (не)успева да се справи со сплетките од задкулисието со кои е соочен, а кои стануваат се пообемни од секунда во секунда за него, го притсикаат и носат во дното, во најдлабоко – најтемното, точно тогаш кога е на врвот. Се соочува со притисок кој жестоко му го наментнува индустријата, онаа за која тој работи, но и се’ она што Нирвана, станува низ годините – правец кој индустријата го создава. За жал, како и многу други млади артисти на таа „кобна 27 година“ и Курт Кобејн се фаќа во стапица која на крајот го носи во целосно согорување.

Нил Јанг вели: „Подобро да изгорам, одошто да потемнам.“

Оваа негова фраза која, патем, и Курт Кобејн ја користи, никогаш нема на нас обичните смртници да ни го даде одговорот дали тој навистина сакаше да изгори токлу млад? Со фразата на Нил Јанг, како заокружница напишана во „прошталното писмо“ Курт Кобејн замина на небото, на врвот, за оттаму вечно да свети и да не’ потсетува сите нас какви треба да останеме, тука, под сонцето и ѕвездите кои силно светат и не знаат за вистината на темните длабочни, кои се на врвот.

Претставата е наменета за возраст 16+

Автор: Димитрије Војнов
Режија – Војо Цветановски
Играат: Марјан Наумов, Ана Грамосли, Томислав Давидовски, Антонио Ташкоски, Здравко Стојмиров, Енџи Николоска,
Музички соработник: Лука Тошев
Костимограф и Односи со јавност: Милена Цветановска
Сценограф: Наташа Ѓорѓиоска
Ассистент режија: Петар Ѓорѓиоски
Дизајн на плакат и фотографија: Стефан Петровски

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Наша цел е како да ги внесеме Македонците во ЕУ, додека целта на власта е како Бугарите да ги внесе во македонскиот Устав

Следно

Променливо облачно, кон крајот на денот локален дожд

Latest from Blog

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството

Меџити: Продолжуваме со работа за поуреден и побезбеден Чаир!

Во Општина Чаир продолжуваат активностите за обележување на улиците и пешачките премини, паралелно со подобрување на инфраструктурата, со цел поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја
Go toTop