Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

November 1, 2025
2 mins read

 Една година по несреќата кога се урна бетонската надстрешница од Железничката станица, Србија се поклонува пред жртвите од трагедијата, меѓу кои беше и 45-годишниот македонски научник Васко Саздовски кој тргнал за дома на трагичниот 1 ноември.

Бројни студенти и граѓани ширум Србија од синоќа пристигнуваат во Нови Сад. Долги колони граѓани од 16 локации пристигнаа пред железничката станица каде се одржа голем комеморативен собир. Палат свеќи и положуваат цвеќе, оддавајќи им почит на трагично загинатите. Околу 3.500 студенти два дена пешачеа од Белград. Студентите од Нови Пазар пристигнаа по 400 километри марширање. На местото на трагедијата дел од присутните побараа правда, оставки и одговорност.

-Една година подоцна, 16 жртви, 0 одговорни, а пораката е и понатаму иста. Рацете им се крвави, изјави студентка

-Не им се гледаат ниту лицата, ниту имињата, ниту зборовите не им се слушаат од темнината  – Тихомир Станиќ – српски актер.

Граѓаните на Нови Сад со тага зборуваат за болката која, како што велат и по една година не поминува. Велат дека се уште чекаат правда и одговорност.

-Многу тажно. Чекаме ова да се разреши, да се утврди апсолутна одговорност.

-Јас цела година се чувствувам очајно. Тажно. Се сеќавам дека овде бев минатата година овој ден. И понатаму не можам да верувам што нам ни се случи.

-Да покажеме зошто сме овде, зошто сме на улиците речиси една година. А тоа е одговорност за сите кои се виновни за цела корупција која се случува во земјата. Не само за падот на настрешницата, туку и генерално, велат дел од граѓаните.

Владата на Србија го прогласи 1 ноември за ден на жалост. Српскиот државен врв утрово присуствуваше на помен за загинатите во црквата Свети Сава во Белград со кој  чиноначалствуваше српскиот патријарх Порфириј. Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој беше меѓу присутните, по настанот не даде изјава, но на социјалните мрежи со свеќа во раката уште еднаш изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите и испрати порака денот да заврши во мир и молитва за починатите. Тој во јавно обраќање синоќа им се извини на студентите и демонстрантите за некои работи шти ги кажал и повика на помирување и дијалог.

-Знам дека многумина и понатаму се многу лути и чувствуваат немоќ што се уште не се уврдени виновниците за тој ужасен настан, а камоли казнети. Не морам да нагласувам дека тоа е и за мене разочарувачки. Иако таквите процеси се комплицирани и траат долго и во многу напредни земји. Како што некои покажаа бес во некои моменти и сам реков некои работи за кои ми е жал што ги изговорив, како на студентите така и на демонстрантите и други луѓе со кои не се согласував. Се извинувам за тоа, изјави Вучиќ синоќа.  

Сепак, студентите и граѓаните продолжуваат со барањата за оставка на Вучиќ и владата. Порачаа дека извинувања не се доволни туку велат дека очекуваат вистински промени и правда. Трагедијата во Нови Сад означи и почеток на масовните студентски протести и блокади кои траат веќе една година, а со кои се бара одговорност и распишување избори . Иако по несреќата беа уапсени неколку лица, меѓу нив поранешни раководители на градската управа и изведувачи поврзани со реконструкцијата, а српскиот министер за градежништво Горан Весиќ поднесе оставка, граѓанските организации реагираат дека судски епилог сè уште нема.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи има нов спортски директор

Следно

Српската пејачка Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

Latest from Blog

Дневен хороскоп за 18 декември 2025: Што ви носи денешниот ден?

Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот –

Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиони евра украдени во време на СДС и ДУИ

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ „Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда. Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено

Истражување: Мажите кои не се чувствуваат добро во брак секогаш ги избегнуваат овие 10 теми

Истражувачите на Универзитетот Бригам Јанг откриле дека длабоко вкоренетото незадоволство од бракот честопати го предвидува и нивото на интимност, при што мажите ги доживуваат овие емоции поинаку од нивните партнерки. Незадоволството често

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците
Go toTop