Ѓоковиќ најави дека тој и Надал нема да играат уште долго

March 8, 2024
1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е свесен дека полека завршува една ера во светскиот тенис и дека тој и Рафаел Надал нема да можат уште долго да се справуваат со многу помладите играчи.

Првиот тенисер на АТП листата дури истакна дека верува дека двајцата заедно со Енди Мареј и Роџер Федерер го имале најголемото ривалство во историјата на овој спорт.

– Рафаел Надал и Роџер Федерер, заедно со Енди Мареј, беа нераскинлив дел од мојот развој како играч и се што постигнав. Ривалствата со нив се заслужни многу за тоа. Сите знаеме дека тие моменти ќе дојдат за сите нас. Роџер ја заврши кариерата, јас и Рафа нема да играме уште долго, завршува една ера и тоа е тажно, рече Ѓоковиќ.

Рафаел Надал требаше да настапи на Мастерсот во Индијан Велс, каде Новак Ѓоковиќ во сабота ќе ги одмери силите против Александар Вукиќ од Австралија, но мораше да се повлече непосредно пред почетокот на турнирот.

– Тажно е што Рафа мораше да се повлече. Патувавме заедно во САД. Не беше планирано, но беше убаво да се видат неговото семејство и него. Знам дека дојде рано бидејќи сакаше да се прилагоди на временската зона, да тренира што е можно повеќе и да се подготви. Даде се од себе, но не беше судено, заклучи Ѓоковиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русите ги сефтосаа Абрамсите

Следно

ФОТО: И тоа го направи, Јована Јеремиќ ја „вработи“ малолетната ќерка

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop