Глечерите и водопадите во југоисточна Туркије омилени дестинации на љубителите на природата

June 5, 2023
1 min read

ХАКЌАРИ (АА) – САЈИМ ХАРМАНЏИ –

Глечерите во подножјето на планината Џило во Хакќари, југоисточна Туркије, каде што се наоѓа Улудурок, вториот највисок врв во земјата, се меѓу најпосакуваните дестинации на љубителите на природата, пишува Анадолу.

Посебно внимание кај посетителите привлекува долината „Џенет и џехенем“, односно „Рај и пекол“ сместена помеѓу Хакќари и Јуксекова.

Со уникатните глечери, водопади, шарени цвеќиња и глацијалното езеро, оваа необична долина привлекува не само домашни туку и странски вљубеници во природата.

Голем број посетители што преку викендите го посетуваат ова подрачје како дел од турите организирани од здруженијата за заштита на природата имаат единствена можност да уживаат во несекојдневните природни убавини.

Љубителите на природата ја посетуваат долината во која можат да видат разнобојни цвеќиња, а од друга страна, истовремено, можат да видат висок снег и потоци создадени од топењето на снегот.

Во ова подрачје се наоѓа и најголемата глечерска долина во Туркије.

Многу посетители ја користат можноста да се фотографираат на глечерите и пред водопадите, а некои уживаат во санкање со вреќи по снегот што ги покрива глечерите.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт во Хакќари, Емин Јилдирим, изјави дека во овој дел на Туркије посетителите во ист момент можат да ги доживеат сите годишни времиња. Додаде дека стотици љубители на природата редовно учествуваат во тури што се организираат во ова подрачје.

Претставникот на Планинарскиот сојуз на Туркије во Хакќари, Наџи Ертунч, изјави дека овие природни убавини привлекуваат сѐ повеќе посетители, особено љубители на природата што најмногу уживаат во глечерите.

Озлем Курт, која е дојдена со пријателите од Мардин, истакна дека се фасцинирани од пејзажот на долината и ги повика сите што имаат можност да го посетат подрачјето.

Али Јилмаз, кој дошол од Афјонкарахисар, рече дека целиот регион на Хакќари има многу убави места и прекрасна природа.

Ханифе Бајик од Анталија, пак, истакна дека ова место нуди прекрасни природни убавини и им препорача на љубителите на природата да го посетат овој крај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Средба со писателот Мухарем Баздуљ во „Буква“

Следно

ЕУ бара онлајн платформите да означуваат дали содржината е генерирана од вештачка интелигенција

Latest from Blog

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,

Ристовски со порака на благодарност: Скопје 2025 ја обедини спортската заедница

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, во Скопје се одржа Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“, на кој Македонија се покажа како центар на регионалната соработка во спортот.

Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција

 Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со

Албанија ја добива првата виртуелна министерка создадена со помош на вештачка интелигенција

 Виртуелната жена облечена во традиционална албанска носија е наречена Диела, што на албански значи „сонце“, а ќе биде додолжена за одлуките за јавните тендери… очекувања на премиерот Еди Рама се дека на

Алегри го одби Џака бидејќи е премногу бавен, а ПСЖ бидејќи е лига на „ергени и женети“

Седумкратниот европски шампион Милан отвори ново поглавје ова лето со ангажирањето на трофејниот италијански тренер Масимилијано Алегри за главен тренер, а додека го чекаме исходот од неговиот мандат на Сан Сиро, веќе
Go toTop