Средба со писателот Мухарем Баздуљ во „Буква“

June 5, 2023
1 min read

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје утре во 19:30 часот СПОНА – српскиот културно информативен центар ќе го претстави писателот, новинар, публицист, преведувач…, хроничар на ова време и одличен познавач на минатото на овие простори – Мухарем Баздуљ.

Во Скопје Баздуљ ќе го промовира својот актуелен, неодамна објавен роман „Невидливата дружба“. За неговото книжевно творештво ќе зборуваат: писателот Александар Прокопиев, потоа Милутин Станчиќ, прв човек на СПОНА, кој ќе зборува за животните ставови на Баздуљ, додека новинарот Иван Беќковиќ со Мухарем ќе разговара за неговата фасцинација од музиката. Баздуљ по образование е дипломиран студент по англиски јазик.

Од родниот Травник, преку Сараево, дошол во Белград, во кој се вљубил заради сеќавањата на татко му за неговите војнички денови. Своето детство го памети како идилична слика на социјалистичко воспитување кога не беше важно на која религија ѝ припаѓате. Војната во Босна драстично смени се…

Македонската публика која ја следи литературата многу добро знае кој е Мухарем Баздуљ. Неговите книги „Кукла од марципан“ и „Ѓаурот и Зулејха“ се веќе преведени на македонски јазик, а Скопје како град одамна го има освоено. Во случај на неповолните временски услови, местото на одржувањето на промоцијата се преместува во галеријата на КИЦ „Кочо Рацин“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ахмети: Уставните измени треба да се случат

Следно

Глечерите и водопадите во југоисточна Туркије омилени дестинации на љубителите на природата

Latest from Blog

Милеј одликуван во Израел, најавена директна авиолинија Тел Авив – Буенос Аирес

Херцог го нарече десничарскиот либертаријански лидер „близок пријател на Израел“. Милеј, исто така, запали свечен факел во рамките на одбележувањето на 78-годишнината од основањето на Државата Израел на 14 мај 1948 година.

Деспотовски: Клучно е да се бара активно вклучување од Брисел, Париз, Берлин и притисок

Понудата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите беше ОК е уставни измени, меѓутоа со одложено дејство и второто беше гаранции во смисла да не повторуваат блокадите понатаму, истакна Јован Деспотовски во вечерашната дебата во

Антонио Ридигер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Идината на германскиот репрезентативец Антонио Ридигер во Реал Мадрид станува сè појасна. Според шпанските медиуми, 33-годишниот централен бек е блиску до продолжување на договорот, кој истекува ова лето. Иако Ридигер се надеваше
Go toTop