Главниот ривал на Инфантино се откажува од трката за прв човек на ФИФА?

October 9, 2026
1 min read

Виктор Монталијани, кој се споменуваше како еден од најсериозните потенцијални противкандидати на Џани Инфантино за претседателската функција во ФИФА, најверојатно нема да влезе во трката на изборниот конгрес закажан за 18 март. Според информациите на „ЕСПН“, Канаѓанецот е повеќе насочен кон добивање нов мандат на чело на КОНКАКАФ.

Монталијани ја предводи фудбалската конфедерација што ги обединува националните федерации од Северна и Централна Америка и од Карибите. Во последните месеци неговото име сè почесто се споменуваше како можна опција за обединување на дел од противниците на актуелниот претседател на ФИФА.

Сепак, уште на почетокот на октомври се појавија информации дека канадскиот функционер сериозно размислува дали да се впушти во директна битка со Инфантино. Сега се чини дека неговите дилеми би можеле да завршат со одлука да не се кандидира.

Евентуалното повлекување на Монталијани од трката би било значајна предност за Инфантино, кој активно ја обезбедува поддршката од националните федерации. Од друга страна, неговите противници засега не успеваат да се обединат околу една силна кандидатура што би можела посериозно да му се закани.

Во такви околности, шансите Инфантино да добие нов четиригодишен мандат изгледаат сè поголеми.

Како можна алтернатива се споменува и претседателот на Азиската фудбалска конфедерација, шеикот Салман бин Ибрахим Ал Калифа, кој веќе му беше противкандидат на Инфантино на изборите во 2016 година.

Според сценариото што се разгледува, тој би можел да обезбеди значителна поддршка од азиските федерации, а потоа да се обиде да привлече гласови и од Европа, КОНКАКАФ, како и од делови на Африка и Океанија. Сепак, оваа опција наидува на отпор и во самата азиска конфедерација, поради што засега останува неизвесна.

Во моментов, единствениот што јавно ја најавил намерата да се кандидира против Инфантино е поранешниот швајцарски репрезентативец Рамон Вега. Неговата кандидатура, сепак, засега не се смета за сериозна закана за актуелниот претседател.

Изборниот конгрес на ФИФА ќе се одржи на 18 март во Рабат, Мароко. До тогаш главната неизвесност останува дали противниците на Инфантино ќе успеат да најдат кандидат околу кого ќе се обединат и кој ќе може да му се спротивстави во борбата за претседателската функција.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Прекрасен подарок со искрена порака во пресрет на 11 Октомври

Следно

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на
Go toTop