Гласот на жените има моќ да поттикне промени

March 8, 2024
1 min read

Секој 8 март, Меѓународниот ден на жената, жените ги преплавуваат улиците во земјите низ светот за да ги одбележат тешко извојуваните победи за правата на жените и да се борат за повеќе. Време е да го славиме напредокот додека ги споделуваме нашите фрустрации за премногу бавниот напредок или дури и за назадување, порачуваат од Хјуманс рајт воч.

Но, можеме да ја изразиме нашата радост и бес само кога уживаме во слободата на изразување. Без неа, остварувањето други права е речиси невозможно. Кога жените можат слободно да зборуваат, можеме да се залагаме за нашите права на образование, работа, право на глас, учество во политичкиот и јавниот живот, пристап до абортус и многу повеќе. Кога нашите права се прекршени, како што често се, можеме да повикаме на правда.

На овој Меѓународен ден на жената, маршираме за секоја трета жена која ќе доживее физичко или сексуално насилство во својот живот. Навиваме за земји како Аргентина, Колумбија и Ирска кои ја ценат автономијата на жените при изборот дали ќе забременат и да имаат легализиран пристап до безбеден абортус, додека протестираме што абортусот е сè уште или повторно нелегален на многу места, вклучувајќи ги и американските држави како Алабама и Тексас.

Во исто време, маршираме во чест на жените кои маршираа пред нас, како Мексиканките кои го организираа првиот феминистички конгрес во 1916 година за да се заложат за реформи во семејното право и нивното право на глас, како и Нигеријките кои ја водеа својата „Женска војна“ против колонизацијата и патријархалните закони во 1929 година. Нивните борби за жал ја отсликуваат реалноста на многу жени во светот денес – особено жените кои припаѓаат на историски маргинализираните групи – кои продолжуваат да се борат против насилството и злоупотребата.

Плашејќи се од моќта на женската солидарност и колективните акции, владите го задушија говорот на жените преку ограничувања на движењето, цензура, кампањи за оцрнување и кривично гонење. Во многу репресивни контексти, како Авганистан и Иран, жените трпат произволно притворање, па дури и присилни исчезнување и тортура поради нивниот активизам. Во меѓувреме, компаниите за социјални медиуми не направија доволно за да ги заштитат жените од онлајн насилство, ослабувајќи ја слободата на изразување на жените он и оф – лајн.

Овие бариери отежнуваат женската еднаквост да стане реалност. Родовата правда бара охрабрувачка средина во која жените можат да се изразат, да зборуваат и да ги шират своите политички ставови и да учествуваат во политичкиот и јавниот живот. Наместо да ја репресираат или толерираат репресијата врз жените, владите треба да ги препознаат нашите колективни дејствија – и последователната моќ – и да ги зачуваат нашите права во законите, политиките и практиката.

Овој 8 Март, иако имаме што да славиме, имаме уште многу што да бараме. Да го искористиме нашето право да зборуваме и да бидеме слушнати, порачуваат од Хјуманс рајт воч. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Трамп картички“, избори и рехабилитација на Украинци

Следно

Меѓународен ден на жената – помалку жени на раководни функции од мажи, различно вреднување на трудот

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop