„Гласен текстилец“: Дали анкетираните што сакаат да работат во недела се од јавната администрација?

December 29, 2024
1 min read

Здружението „Гласен текстилец“ останува цврсто на ставот дека неделата мора да остане неработен ден, изразувајќи сомнеж во тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека „75% од граѓаните би работеле во недела за двојна дневница“. Според претседателката Кристина Ампева, ваквите анкети се правени со вработени од јавниот сектор, а не од реалниот сектор, каде правата на работниците често се занемаруваат.

„Ниту еден работник од реалниот сектор, кој едвај го добива минималецот, не би сакал да работи во недела, кога повторно не му се исплатува прекувремен труд или работа за празник. Влада што се залага за семејни вредности треба да ја зачува неделата како ден за одмор“, изјави Ампева на социјалните мрежи.

Ампева повтори дека укинувањето на ова право би било удар за работниците. Таа повика на воведување евиденција за работното време што не може да се манипулира и строги казни за непочитување на трудовите права.

„Дотогаш, не си играјте со трпението на работниците, оти и тие што останаа ќе заминат,“ предупреди Ампева.

На последната собраниска седница, премиерот Мицкоски истакна дека конечната одлука за неработната недела ќе се носи по консултации со Економско-социјалниот совет, синдикатите и стопанските комори. Според него, можни се две решенија: или никој да не работи во недела или да се дозволи работа со двојна дневница и специјални договори со синдикатите.

Синдикатите и четиридневната работна недела
Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) остануваат доследни дека неделата е ден за одмор, кој ја зголемува продуктивноста и го подобрува квалитетот на животот на работниците. Тие дополнително предлагаат воведување четиридневна работна недела, концепт што веќе се применува во некои земји.

„Во демократските држави, неделата е време за семејство, личен развој и подигнување на културното и спортското ниво на граѓаните – најважниот ресурс на секоја држава,“ порачаа од Синдикатот.

И додека дебатата продолжува, работниците остануваат загрижени дека секоја промена во ова право ќе оди на нивна штета.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муртезани: Да не инсистираме само на едно решение со Бугарија, туку да продолжиме да ги браниме нашите позиции

Следно

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop