Героски во СТУДИО 10: Силјановска-Давкова не го прекрши Уставот, треба да се прави разлика кога мора а кога не мора да се користи уставното име

May 13, 2024
3 mins read

Мислам дека говорењето на новата претседателка претставува всушност прецизна примена на Преспанскиот договор. На Кабинетот на вилата Водно се уште стои „Република Македонија“ и веројатно така ќе остане. Во заклетвата што ја пишува спикерот, стои Република Македонија. Но, во документите што ќе ги потпишува претседателката ќе стои Република Северна Македонија. Ова го велам како поддржувач на Преспанскиот договор, но сум против екстензивната употреба што прво ја спроведе Заев, па ја продолжи Ковачевски, вели новинарот Бранко Героски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Луѓето мора да научат што значи официјална употреба на име. Кога ќе гојде Грк во Македонија и ќе рече Грција тоа не е официјално име туку официјално е Хеленска Република. Кога името се применува во документи тогаш се користи официјалното име. Мене на граница ако ме прашаат од каде сум, јас ќе речам од Северна Македонија, вели Героски.

Според него, и политичките партии што го содржат името Македонија треба да го сменат името. 

– Законот за јазикот е Правописот, па нема потреба како папагали да повторуваме и да изведуваме именки и именски фрази како северномакедонски и слично. Коренот е Македонија, па според нашите јазични правила се почитува Преспанскиот договор. Споредете со германскиот јазик, вели Героски.

Героски вели дека мора да се сфати што значи официјална примена, а што е разговорна примена, а разговорната примена може да се користи и во официјални пригоди.

– Зошто за време на кампањата премиерот Ковачевски и неговата партија не користеа Северна Македонија? Единствената институција која го крши Преспанскиот договор, а користи државни фондови е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, па не реагираше ни Грција ни другите, вели Героски.

Тој овие реакции на говорот на претседателската Силјановска Давкова ги оценува како обид да се исплаши со време новата претседателка. Героски вели дека дури и честитките до неа беа со половина уста оти не се честита на партијата победник на изборите.

– Американската амбасадорка во многу пригоди го користеше слоганот рамо до рамо на СДСМ и отворено покажуваше симпатии кон партијата што ги изгуби овие избори. Ние сме виделе и дипломати со поголем габарит да го прават тоа. Но, не се тие виновни туку ние сме виновни што мислите дека македонската политика се решава во амбасадите, а тоа не е точно и жално е што на тоа потпаѓаат и политички лидери. Но, тие работи се менуваат. Ова е еден таков момент, Јас ги разбирам, треба време странците да се прилагодат, вели Героски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателската Силјановска Давкова најавија обемна уставна реформа, па оттука уставни промени ќе има според начин на кој ние самите ќе одлучиме.

– На пример, ќе ја препишеме Преамбулата според истиот концепт како што е бугарскиот устав. Оти во меѓусебниот договор со Бугарија не стои на каков начин Бугарите треба да влезат во Уставот. Има многу добри и паметни начини да се реши тоа, но факт е дека предлогот по бугарски диктат отиде низ Вардар. За него немаше мнозинство ни во времето кога СДСМ, милениците на странците, беа на власт, вели Героски.

Героски вели дека очекува и посакува СДСМ и ДУИ да организираат протести за поддршка на името Северна Македонија и толкува дека на тој начин следниот изборен циклус ќе имаат по пет пратеника.

– Никој нема против Бугарите да добијат еднаков статус во Уставот иако имаат под она „и други“. Но, не може да влезат Бугарите во Уставот и притоа да се негира Македонија, Македонците и македонскиот јазик. Ние имаме реална потреба да кажеме дека оваа држава е остварување на вековните стремежи на македонската нација да има своја држава. Албанците тоа го направиле на почетокот на 20 век. Ние немаме амбиции да бидеме газди, а некој да биде потстанар. Ако ова убаво се објасни не мислам дека Албанците не би не разбрале, освен дел од оваа корумпирана елита кои реално се газди во оваа држава, вели Героски.

Геровски за реакцијата на министерот за правда Кренар Лога дека Силјановска Давкова не е легитимна претседателка оти не се заколнала во Северна Македонија и дека претседател е претседателот на Собранието Јован Митрески, Героски вели дека Лога е умен човек но со своја политичка агенда. Тој вели дека опозицијата ако има аргументи и мнозинство можат кога ќе се формира новото Собрание да побараат импичмент на претседателката, а во меѓувреме Лога не кажува каде и во кој член е прекршен Преспанскиот договор и Уставот.

– Силјановска Давкова е прва жена претседател на Македонија и нејзиниот избор е поттик за феминистичката агенда. И тоа е големо достигнување во смисла на стивнување на маскулинистичката политичка сцена во Македонија, вели Героски.

Геровски вели дека е добро што идниот мандатар рано ги почна разговорите со Влен (Вреди) и што постои една добра, енергична волја и минимална но доволна платформа за да се влезе во заедничка влада и да продолжи европскиот пат и да почне борбата против корупцијата. 

– Тоа е сосема доволно за функционална влада, иако идеологиите се различни па затоа и ќе бараат компромиси. Засега Мицкоски води умна политика. Од коалицијата на ДУИ само 10 пратеника се на ДУИ, другите се на Зијадин Села и помалите етнички заедници. Очекувам Мицкоски да им понуди на сите да се качат на бродот што ќе заплови по едно помирно море, вели Героски. 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кој е Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана, што го замени Шојгу

Следно

Путин го смени Шојгу

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop