Германската полиција упадна во канцеларијата на весникот „Сабах Европа“, приведе двајца новинари

1 min read

КЕЛН (АА) – Германската полиција изврши рација во канцеларијата на весникот „Сабах“ во Франкфурт, каде што се наоѓа нивниот сервис за вести од Европа, и ги приведе Исмаил Ерел, претставник на весникот за Германија, и Џемил Албај, директор за вести, пренесува Анадолу.

Според информациите добиени од извори во весникот „Сабах“, германската полиција извршила претрес во домовите на Исмаил Ерел и Џемил Албај, како и во канцеларијата на сервисот за вести од Европа на весникот „Сабах“ и ги запленила компјутерите и телефоните.

Се вели дека сѐ уште нема доволно информации за причините поради кои е извршена рацијата.

Министерството за надворешни работи на Туркије и други организации се мобилизирани за ослободување на приведените двајца новинари.

Дипломатски извори нагласија дека приведувањето на двајцата новинари е неприфатливо од аспект на слободата на медиумите и дека тоа е упатено до германските власти.

Изворите истакнаа дека ова прашање станало предмет на протести и во Анкара и во Берлин.

Исто така, изворите рекоа дека овој третман на новинарите е неприфатлив и дека продолжуваат разговорите на високо ниво со германските власти за ослободување на новинарите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Снајдер и Матераци навиваа со ултрасите на Интер (ВИДЕО)

Следно

Ако веќе наредивте соларни панели, јбг

Latest from Blog