Германска министерка кришум дошла во Република Српска, Додик ја повика полицијата да ја „испрати“

April 4, 2025
1 min read

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска соопшти дека, како и секој несакан посетител, и германската министерка Ана Лерман кришум дошла во Бања Лука за да се сретне со своите пулени.

„На што спадна некогаш моќната Германија. Очекувам  полицијата на Република Српска са ја испрати засекогаш од Република Српска“, напиша Додик на платформата Х.

Владата на Република Српска денеска ја прогласи германската министерка за европски прашања Ана Лерман за персона нон грата во Република Српска и нареди на МВР да ја спроведе надвор од границата при влез на територијата на Републиката.

Владата го изрази својот протест и против едностраните и политички мотивирани мерки кои без транспарентна правна основа и со непочитување на принципот на непристрасност, беа преземени од одредени германски функционери, меѓу кои и Лерман, во форма на воведување санкции за претседателот на Република Српска, премиерот и претседателот на Народното собрание, соопшти Владата на Република Српска. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНМ ги додели годишните новинарски награди

Следно

Средба на Гаши со претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Перестрело

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со
Go toTop