Германија купува 15 тенка „гепард“ од Катар, сака да ги продаде на Украина

February 3, 2023
1 min read

Неколку германски претставници разговарале со Министерството за надворешни работи на Катар за можното купување на 15 тенка „гепард“, кои Доха ги купи за да го обезбеди стадионот на Светското првенство

Германската влада одобри испорака на тенкови „леопард 1“ во Украина од индустриски залихи и е во преговори за купување на 15 тенка „гепард“ од Катар кои ќе бидат испратени во Киев, објави синоќа „Зидојче цајтунг“.

Испораката на „леопардите“ во Украина може да се случи во секое време по поправка на тенковите, пишува германскиот весник, повикувајќи се на владини извори. Германските компании „Рајнметал“ и ФФГ сакаат да обноват десетици тенкови „леопард 1“, кои би можеле да ги испорачаат во Украина доколку Киев е подготвен да ги купи, се додава во објавата на весникот.

Неколку германски претставници разговарале со Министерството за надворешни работи на Катар за можното купување на 15 тенка „гепард“, кои Доха ги купи за да го обезбеди стадионот на Светското првенство, пишува весникот, додавајќи дека Берлин се обидува да добие повеќе муниција од Катар.

„Гепардите се докажаа многу добро во војната во Украина. Ако можеме да добиеме повеќе од нашите партнери овде, тоа дефинитивно ќе им помогне на Украинците“,

изјави новиот германски министер за одбрана Борис Писториус, цитиран од „Зидојче цајтунг“

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ван Дајк и Фирмино се вратија на тренинзите на Ливерпул

Следно

Вучиќ: Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија

Latest from Blog

ФОТО: Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребот на папата Франциск – имаше кратка средба и со Доналд Трамп!

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на

Вардар прв до Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот

Дали поддржувате користење на АИ за домашни задачи?

Истражувањето спроведено од Унгарската национална управа за медиуми и комуникации покажало дека 76,5% од децата на возраст од 13 до 16 години имаат искуство со некоја програма базирана на Вештачка интелигенција. Истражувањето
Go toTop