Германија ја повика Русија да престане да поставува мини во Украина

April 4, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ја повика Русија да престане да поставува мини на украинска територија, јавува Анадолу.

Бербок излезе со соопштение по повод 4 април – Меѓународниот ден на свесноста за опасностите од мини и помош во противминско дејствување.

Таа нагласи дека мините се навистина ужасно оружје.

„Ја повикувам Русија да престане со акциите за поставување мини на земјоделските површини во Украина. Ова не само што предизвикува голем број цивилни жртви туку и спречува многу земјоделци да ги обработуваат своите полиња и да ги берат посевите“, рече Баербок.

Таа додаде дека на овој начин Русија ги намалила резервите на храна на светскиот пазар и со тоа дополнително го зголемила гладот во светот.

Таа истакна дека мините се причина зошто родителите во земјите, како Камбоџа, Босна и Херцеговина и Ирак, се грижат за своите деца секогаш кога ќе излезат да си играат, дури и децении по конфликтот.

„Противпешадиските мини особено ги погодуваат цивилите, буквално распарчувајќи ги семејствата и заедниците“, нагласи шефицата на германската дипломатија.

Меѓународниот ден на свесноста за опасностите од мини и помош во противминско дејствување беше прогласен во 2005 година на 60. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, врз основа на Резолуцијата за помош во противминското дејствување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: На пат тргна Тогг, првиот турски електричен автомобил

Следно

Аргентинска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на аргентински специјалитети со звуците на тангото

Latest from Blog

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К

Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

2 Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Хуманоидниот робот Воли е веќе докажан асистент во образовната пракса во поразвиените земји. Тој е управуван од наставниците и може да зборува, но исто така го привлекува вниманието со својата невербална комуникација,

Меџити: Испратен е Инспекторатот на „Вардариште“, деновиве се очекуваат резултатите

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во изјава за медиумите рече дека деновиве се очекува да бидат готови резултатите од инспекцискиот надзор што се прави на
Go toTop