Германија и Израел одбележуваат 60 години од дипломатските односи

May 12, 2025
1 min read

Германија и Израел денеска прославуваат 60 години од воспоставувањето дипломатски односи со размена на официјални државни посети, објави Германската новинска агенција (ДПА).

Израелскиот претседател Израел Јицак Херцог денеска пристигна во Берлин, додека неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер се очекува утре и во вторник да го посети Израел.

Претседателите при посетите се придружувани од нивните сопруги, Елке Буденбендер и Михал Херцог.

Дипломатските односи помеѓу Германија и Израел официјално беа воспоставени на 12 мај 1965 година, по договор помеѓу тогашниот канцелар на Германија, Лудвиг Ерхард и израелскиот премиер Леви Ешкол.

Чекорот беше преземен по постепеното зближување помеѓу двете нации, чии односи носат длабоки лузни од холокаустот на нацистичка Германија, при што беа убиени околу шест милиони Евреи. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

Следно

На Радев му ПРОПАДНА Референдумот за ЕВРОТО

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop