Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок на билатерално и меѓународно ниво

July 22, 2024
1 min read

Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, која е директно спротивна на меѓународните договори, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ.

Шефот на грчката дипломатија повтори дека Договорот од Преспа е ратификуван од двата парламенти, со што носи законски обврски „кои не може да се променат од ниедна од двете земји“.

– Секако самиот Договор од Преспа јасно кажува дека прашањето за името, односно името на Северна Македонија не може да се смени ниту со договор од страните. Станува збор за одредба која останува засекогаш. Во овој момент има јасно прекршување од страна на политичкиот и државниот врв. Не е законски поткрепено тврдењето дека кој било политички или државен лидер може вон формалната рамка да употребува друго име за неговата земја, бидејќи тоа во реалноста би претставувало директно прекршување. Не може претседателот или премиерот на една земја, кога е во јавен настап да се повикува на приватна автономија. Ова не е во согласност ниту со домашното уставно право, ниту со меѓународното право, посочи Герапетритис.

Го повтори и ставот дека за нив Договорот „има значајни политички и правни проблеми“, но ги обврзува сите. 

– Направив многу голем напор за целосно и комплетно да ги информирам сите наши партнери и сите меѓународни организации и можам да ви кажам дека во овој момент постои сериозна загриженост од страна на сите за ставот на Северна Македонија. Сите разбираме дека доколку продолжи оваа политика, која директно е спротивна на меѓународните договори, што претставуваат основа на меѓународната безбедносна архитектура, тогаш грчката страна ги има оние средства за да може да изврши уште поголем притисок, средства што се и билатерални и мултилатерални на ниво на меѓународните организации, рече Герапетритис за ЕРТ. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Следно

Вардар слави 77 години од формирањето, утре пријателски меч против Динамо Загреб

Latest from Blog

Кина претстави пакет мерки за вработување

Целта е да се задоволи побарувачката за работна сила во клучните сектори и да се искористи потенцијалот за вработување, а воедно да се подобри квалитетот на работните места, објави Ксинхуа. За да

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме најповолни услови за задолжување, фискалната стабилност останува приоритет

19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции

Мареска има усмен договор со Манчестер Сити

Фото: Челзи/Твитер Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник. Според медиумите во Англија, тоа
Go toTop