Генералното собрание на ОН усвои резолуција и ја повика Русија да се повлече од Украина

February 24, 2023
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство усвои резолуција поднесена од Украина со која се повикува Русија „целосно и безусловно да ги повлече своите сили“, јавува Анадолу.

Потегот на Генералното собрание на ОН дојде откако организацијата ја свика 11-тата вонредна специјална седница за да расправа за руската војна во Украина, која денеска ја одбележува првата годишнина.

Седум земји – Русија, Белорусија, Сирија, Северна Кореја, Еритреја, Никарагва и Мали – гласаа против резолуцијата, додека 32 беа воздржани, вклучувајќи ги Кина и Индија.

Резолуцијата на Генералното собрание ги повикува земјите членки на ОН и меѓународните организации „да ја удвојат поддршката за дипломатските напори за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, во согласност со Повелбата [на ОН]“.

Исто така, повикува на „итно прекинување на нападите врз критичната инфраструктура на Украина и какви било намерни напади врз цивилни објекти, како домови, училишта и болници“.

Таа бара Русија „веднаш, целосно и безусловно да ги повлече“ сите свои воени сили од територијата на Украина во нејзините меѓународно признати граници, како и да повика на „прекин на непријателствата“.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во средата се обрати на Генералното собрание на ОН, повикувајќи ги членките на ОН да ја поддржат резолуцијата, додавајќи дека Руско-украинската војна нема две страни, туку само „агресор и жртва“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руската инвазија врз Украина една година подоцна – Факти за вистинската цена на војната

Следно

Над 200 казни изречени за возачите во Скопје

Latest from Blog

Доку го остави сонот за титула жив

Каква лудница на „Хил Дикинсон“ ни приредија Евертон и Манчестер Сити. Натпревар во кој двата тима одиграа по едно брилијантно полувреме и кој на крајот заврши со нерешен резултат 3:3. Момците на

Драма на крузер: Тројца починати од хантавирус- забранет му е влез во пристаниште

Крузерот, кој патувал од Аргентина до Зеленортските острови, бил задржан покрај брегот, а на патниците им било забрането да го напуштат бродот. Случајот со инфекција на крузерот е под истрага. Властите на

Утре делови од Тетово ќе бидат без струја

Делови од Тетово утре (5 мај 2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини. Според најавите, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат објекти во дел од градот во

Виљареал и официјално ќе има нов тренер

Марселино Гарсија Торал нема повеќе да биде тренер на екипата на Виљареал. Ова конечно го потврди и самиот клуб, заблагодарувајќи му се на искусниот стратег, кој што го водеше тимот од 2023
Go toTop