Генералниот секретаријат на Владата ја презема организација за прославата за Рамковниот договор

August 12, 2024
3 mins read

На еден ден пред одбележувањето на 23 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, до медиумите пристигна соопштение во кое е наведено дека ќе биде организирана Панел дискусија на тема “23 Години од Рамковниот Договор, Децентрализацијата останува предизвик”. Прославата ќе се одвива со свечен прием во Музејот на Современа Уметност, на скопското Кале.

Рамковниот договор беше потпишан на 13 август 2001 година, а со кој беше ставен крај на неколкумесечниот вооружен конфликт во земјава. Конфликтот се водеше меѓу Ослободителната народна армија (ОНА) и безбедносните сили на Република Македонија.

Од Владата за Радио Слободна Европа велат дека годинава организацијата на прославата ја презема Генералниот секретаријат на Владата и дека не е спроведена јавна набавка за организација на прославата.

Инаку традиционално јавната набавка за организација на прослава од годишина на Рамковниот договор ја спроведуваше Министерството за односи меѓу заедниците, порано познато како Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Тендерот за организација на овогодишната прослава беше поништен на 26 јули, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Во меѓувреме на веб-страницата на Бирото за јавни набавки не е објавен нов оглас за компанија која ќе ја организира прославата.

Од Владата велат дека не е склучен договор за јавна набавка за организација на прославата на годишнината од Рамковниот договор.

„Во однос на организацијата и прашања поврзани со јавна набавка за организација на одбележувањето, ве известуваме дека не е спроведена јавна набавка, бидејќи се работи за компанија ангажирана од претходната влада, а станува збор за компанија во однос на техничка поддршка како што е бина, озвучување и/или видео-бим. Да повторам, не е спроведена јавна набавка, како наследено од минатата влада, туку организацијата ја презема Генералниот секретаријат на Владата. Во оваа насока истакнуваме дека заврши безочното трошење народни пари и тендери кои завршуваа во партиски штабови“, се вели во одговорот од Владата.

Според претходните владини одлуки, односно според записникот од владината седница на 5 јули годинава, задачата да ја организира прославата за 23- годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ја добил вицепремиерот и министер за односи меѓу заедници Иван Стоилковиќ. Стоилковиќ е коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ и лидер на Демократската партија на Србите во Македонија.

Оваа задача Стоилковиќ ја добил на предлог од неговиот колега, вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити кој доаѓа од коалицијата Вреди (Влен).

Според записникот од владината седница, Стоилковиќ бил задолжен да побара согласност од Бирото за јавна набавка за спроведување на постапка за јавна набавка, без објавување на оглас, за искористување на предвидените средства во буџетот за 2024 година.

Како причина за таквата одлука, Владата ја навела итноста од спроведување на јавната набавка и временското ограничување кое, како што се вели во записникот, создава „неможност да се спроведе постапка во редовна процедура“.

Записник од владината седница на 5 јули 2024

Записник од владината седница на 5 јули 2024

Според податоците од Бирото за јавни набавки, огласот првично е објавен во јули, со рок за доставување понуди до 31 јули. Одлуката за поништување на огласот е објавена на неколку дена пред истекот на рокот, на 26 јули.

За споредба тендерот за минатогодишната прослава „тежок“ околу сто илјади евра, беше потпишан на 19 јули, додека годината претходно во 2022 година, договорот беше склучен на први август.

Во изминативе две години, тендерот за организација на прославата најчесто го добиваше тетовската фирма Арбериа Десинг. Во 2021 година, на одбележувањето на две децении од потпишувањето на договорот, тогашниот министер за политички систем и односи со заедниците Артан Групи потроши 70 илјади евра од државната каса за концерт именуван како „Мировен фестивал“. Тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега владејачка партија, често коментираше дека прославите на годишнината од Рамковниот договор се партиски, а не државни прослави.

Два прослави, една на ДУИ, една на Владата

Годинава покрај владината прослава ќе биде организрана и прослава на опозиционата ДУИ. Опозициската прослава е закажана во хотелот „Александар Палас“, каде што ,според најавите, ќе биде организирана Академија на која ќе учествуваат домашни и странски експерти.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми во објава на социјалните мрежи реагира дека оваа моноетничка Влада, како што вели, нема легимитет да ја организира годишнината на Охридскиот договор.

„Губитниците на претседателските и парламентарните избори, без легитимитет од гласачите, како приврзок на ВМРО, во улога на вазал и потценувач на Албанците, го предадоа Охридскиот договор на путинистот, Иван Стоилковиќ како што ги предадоа и Албанците на Вучиќ и Путин“, напиша Адеми на ФБ, кој додава дека средствата за одбележување на годишнината од Охридскиот договор, биле намалени од новата Влада.

По ваквите коментари од владината коалиција Вреди ( Влен ) излегоа со критика до опозицијата истакнувајќи дека таа се обидува да го приватизира државното одбележување.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска коментираше дека организирањето на паралелни прослави не е во корист на граѓаните и дека ДУИ се уште не можат да прифатат дека се опозиција.

„Ќе прифатат приватни журки, забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешниот настан којшто го организира Владата на Република Македонија, добредојдени се, а приватни журки нека продолжат нека си организираат, рече Таравари.

Но, не даде повеќе детали за целата организација на прославата.

Пратеничката на Вреди (Влен) Саранда Имери, ќерка на Имер Имери, кој е еден од потписниците на Рамковниот, минатата недела го прозва лидерот на ДУИ Али Ахмети да не го сквернават, како што рече, датумот кој треба да ги обединува Албанците и борците на УЧК, наместо да се користи за тесно партиски интереси.

„ Во името на ликот и делото на мојот татко, ја користам оваа прилика да му се обратам лично на господинот Али Ахмети. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Албанците од Охридскиот рамковен договор. Затоа, апелирам до вас, да не правите поделби меѓу нашиот народ. Сите ние треба да го одбележуваме овој ден со почит. Намерите ви се провидни и однапред прочитани“, изјави неодамна Имери.

Датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда, нагласуваат од Коалицијата.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи во Анкара ги прими етиопскиот и сомалискиот колега

Следно

2024, годината кога умре „нема глупи прашања“

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop