Генерална проба за Самитот на ОБСЕ, затворени неколку сообраќајници во Скопје

November 28, 2023
1 min read

реклама


Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот во рамки на генералната проба за 20. Министерски совет на ОБСЕ, кој ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември, во СРЦ „Борис Трајковски“, соопшти МВР.

За сообраќај, како што наведе МВР, ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.

реклама

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Јавно сообраќајно претпријатие прецизира дека утре од 9 до 12 часот, поради одржување генералната проба неколку сообраќајници ќе бидат затворени, па од тие причини дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Изменети траси ќе имаат линиите 7, 8, 15, 15А, 18, 19, 21А, 26, 29, 59, и 118.

реклама

ЈСП во соопштението ги појаснува изменетите траси на движење:

Линии 8 и 15А – од мост „Гоце Делчев“ наместо по булевар „Илинден“, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

реклама

Линии 7, 15, 19, 26, 29 и 59 – наместо на крајните терминали во Карпош 3 и Карпош 4, ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“, па десно по улица „Никола Парапунов“ (стара телевизија) каде не чекаат време, туку веднаш ќе продолжуваат десно по булевар „Илинден“, па десно по улица „Љубљанска“, па со лево свртување ќе продолжуваат по булевар „Партизански одреди“

Линии 18, 21А и 118 – од булевар „Крсте Петков Мисирков“ ќе продолжуваат право кон Бит пазар, потоа по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска улица) и од кај Момин поток ќе продолжуваат по сопствените редовни траси до крајните стојалишта. Посочениот режим ќе важи и во двете насоки на движење.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно и студено, на планините и на некои повисоки места врнежи од снег!

Следно

Засега не е потврдена: Ќе има ли во Скопје средба Лавров-Блинкен?

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Изречени казни кон правни лица – загадувачи во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Инспекторатот за животна средина изрекол казни кон правни лица – загадувачи во Скопје, отако во изминатите два дена биле спроведени силни и координирани инспекциски надзори

Божиновска: 2026 година клучна за праведната и зелената енергетска транзиција

Енергетската транзиција мора да се спроведува со јасна визија, прецизно планирање и силна институционална координација, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по денешната седница на Советот за праведна

Меџити: Интензивирањето на соработката со Албанија е од заеднички интерес

По официјалната посета, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, ја пречека и Елиса Спиропали во просториите на општината. Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални
Go toTop