Гази Баба со награди за најубаво новогодишно украсување во општината

December 18, 2023
1 min read

Општина Гази Баба објави Јавен повик за најубаво новогодишно украсување.

– По повод новогодишните и Божиќните празници ги повикувам жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме со свој придонес во новогодишното украсување. За таа цел, општината обезбеди парични награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште, информираше градоначалникот на Гази баба Боран Стефковски. 

Пријавувањето може да го направите на телефонските броеви 02/3212886; 078/311-317 или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 23.12.2023 год. до 16.00 часот, а податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисија од општината ќе ги посети пријавените на 25.12.2023 год. по 17.00 часот, информираше Стефковски.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски ќе биде носител во првата изборна единица

Следно

Незадоволен од изборните резултати, Дачиќ смета дека СПС треба да добие нов лидер

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop