Гази Баба дава субвенции за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друго алтернативно гориво

April 5, 2023
1 min read

Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Гази Баба за вградување на уреди за течен гас/метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата за 2023 година.

Преку субвенции, општина Гази Баба на граѓаните ќе им врати до 50 % од трошоците за купен и вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилото, но не повеќе од 18.000 денари без вклучен персонален данок на доход по возило. Персоналниот данок на доход е на товар на Општина Гази Баба.

-Овој вид на субвенции, општина Гази Баба ги воведе минатата година во насока на стимулирање на граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас и други алтернативни горива во возилата, а со цел намалување на загадувањето на воздухот од возилата. Ги повикувам граѓаните на општина Гази Баба да ја искористат можноста и да аплицираат за добивање на субвенции, посочи градоначалникот Бобан Стефковски.

Јавниот повик може да се погледне ТУКА.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Макрон пристигна во Кина: Разговорите со Си Ѓинпинг ќе траат шест-седум часа

Следно

Туркије го осуди упадот во џамијата Ал Акса и приведувањето Палестинци од страна на израелската полиција

Latest from Blog

Како Норвежанките го организираат својот ден, а сепак завршуваат со сите обврски? Неуморни се, а навечер се посветуваат на сопрузите и децата

Норвежанките често се сметаат за пример на добро организирани жени кои успеваат да ја искомбинираат работата, семејството и времето за себе, а при тоа да не бидат исцрпени. Нивниот начин на живот

Стефковски и Алиу потпишаа договор за соработка за нова амбуланта во Автокоманда

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и министерот за здравство Азир Алиу денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Општината и Министерството за здравство, со кој јасно се дефинираат обврските на двете

Престојот во природа е лековит: Колку е препорачаната „дневна доза на природа“?

Престојот во природа, прошетките во шумата, градинарството, вклучувањето во активности на отворено, прошетките меѓу дрвјата со црцорење птици… се само некои од активностите што се сметаат за терапија за телото и умот.
Go toTop